Milwaukee M18 FMDP Notice Originale page 99

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 28
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува. За повторно
вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот,
а потоа повторно вклучете. Во случај на екстремни
оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков случај
трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека
батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење
може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
Mak
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Пред секое користење да се провери дали уредот, приклучниот
кабел, продолжниот кабел, сигурносниот појас и утикачот
се оштетени или амортизирани. Оштетените делови да се
поправат исклучиво од страна на стручно лице.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Одвреме навреме ставајте неколку капки масло на запците од
вратилото. Лагерите од делот за туркање се самоподмачкуваат
и не смеат да се посипуваат со масло. Површината за лизгање
на лизгалката да се мазни со моликоте-маст.
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од апаратот.
Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти или масло.
Средства за чистење и разредување се штетни по пластиките и
други изолирачки делови, затоа чистете само со нежен сапун и
влажна крпа. Никогаш не употребувајте запаливи средства за
разредување во близина на апаратот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
Македонски
96
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Во операции во висина над главата секогаш да се
работи со партнер. Електрични алатки секогаш да се
ги носат двајца, за да се спречат ризици од повреди
на грбот.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
ОПАСНОСТ! За да се спречи опасност од повреди,
дланките, крпите, облеката и сл. држете ги на
безбедна одалеченост од подвижните делови и од
струготини. Струготините во никој случај немојте се
обидувате да ги отстраните додека фрезата сè уште
работи. Струготините имаа остри рабови и може да
вовлечат предмети во подвижните делови.
Забрането е носење на метални делови и часовници.
Забрането е ракување со бушилката на лица
со вграден пејсмејкер или други медицински
имплантати.
Забрането е носење на магнетни или други
електронски носачи на податоци.
Не ја изложувајте машината на дожд.
Дупчалка со сврдел за навојни отвори
Дупчалка со полн сврдел
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 fuel fmdp-0cM18 fuel fmdp-502c

Table des Matières