OBJ_BUCH-780-005.book Page 178 Monday, March 31, 2014 9:28 AM
178 | Македонски
Монтажа
Вметнување/менување на батеријата
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
– Притиснете на блокадата 9 на преградата за батерии нанадвор и отворете го
поклопецот на преградата за батерии 11 .
При ставањето на батеријата, внимавајте на половите, според сликата во
преградата за батерии.
Доколку предупредувањето за батеријата c се појави прв пат на екранот 7,
мерниот уред може да работи уште околу 3 ч.
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг период, извадете ја
батеријата. При подолго складирање, батериите може да кородираат или да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот
уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
– Поставете го мерниот уред на растојание од најмалку 50 см од ротацискиот
ласер. Поставете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе
достигне до приемното поле 6. Ротацискиот ласер поставете го на највисока
брзина на ротација.
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен сигнален тон. „Нивото
на звучен притисок на сигналниот тон оценето со А, на 0,2 м растојание
изнесува до 95 dB(A)."
Не го држете мерниот уред близу до увото! Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку го
користите.
2 609 141 177 | (31.3.14)
Bosch Power Tools