Bosch PCM 8 SD Notice Originale page 227

Masquer les pouces Voir aussi pour PCM 8 SD:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 32
OBJ_BUCH-2765-002.book Page 227 Tuesday, July 25, 2017 2:28 PM
 Ако се користат поврзани уреди за вадење прав и
собирање предмети, проверете дали се правилно
поврзани и користени. Собирањето прав може да ги
намали опасностите предизвикани од прав.
 Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при неговото
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на моќните алати
 Не го преоптоварувајте моќниот алат. Користете
соодветен моќен алат за намената. Со соодветниот
моќен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја
извршите работата за која е наменет.
 Не користете моќен алат ако со копчето не можете
да го вклучите и исклучите. Секој моќен алат кој не
може да се контролира со копчето е опасен и мора да се
поправи.
 Исклучете го моќниот алат од струја и/или извадете
го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или да го складирате моќниот
алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се
намалува ризикот од случајно вклучување на моќниот
алат.
 Чувајте ги моќните алати подалеку од дофат на деца
и не дозволувајте лицата кои не ракувале со
моќниот алат или не се запознаени со ова упатство
да работат со истиот. Моќните алати се опасни во
рацете на необучени корисници.
 Одржување на моќните алати и дополнителната
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови кои може негативно да
влијаат врз функционирањето на моќниот алат. Ако
е оштетен, однесете го моќниот алат на поправка
пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани
заради несоодветно одржување на моќните алати.
 Острете ги и чистете алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
 Моќниот алат, дополнителната опрема, деловите и
др., користете ги во согласност со ова упатство,
внимавајте на работните услови и работата која ја
вршите. Користењето на моќниот алат за други
активности од наменетите може да доведе до опасни
ситуации.
 Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во неочекувани
ситуации.
Сервисирање
 Моќниот алат сервисирајте го кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни делови.
Со ова се обезбедува безбедно одржување на моќниот
алат.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за пили за отсекување
и сечење под агол
 Пилите за сечење под агол се наменети за сечење
дрво или слични производи, не може да се
употребуваат со абразивни дискови за сечење на
црни метали, како на пр., шипки, палки, шајки и др.
Абразивниот прав предизвикува блокирање на
подвижните делови, на пр. долниот штитник. Искрите
од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот
и пластичните делови.
 Користете стегачи за држење на парчето за
обработка кога постои можност. Ако го потпирате
парчето за обработка со рака, раката постојано
мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm
од двете страни на сечилото од пилата. Не ја
користете оваа пила за сечење на многу мали
парчиња кои не може безбедно да се зацврстат или
да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу
блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност
од повреда ако го допрете сечилото.
 Парчето за обработка мора да биде статично и
прицврстено или да се држи и за граничникот и за
масата. Не го ставајте парчето за обработка во
сечилото или жлебот „со слободна рака" на никој
начин. Слободно или неприцврстено парче за
обработка може да се отфрли со голема брзина и да
предизвика повреда.
 Притиснете ја пилата низ парчето за обработка. Не ја
влечете пилата низ парчето за обработка. За да
пресечете, подигнете ја главата на пилата и
повлечете ја преку парчето за обработка без
сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата
на пилата надолу и притиснете ја пилата низ
парчето. Со повлекување на пилата додека сечете
сечилото може да се искачи на врвот на парчето за
обработка и силно да го отфрли склопот на сечилото
кон ракувачот.
 Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија
за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на
парчето за обработка „со вкрстени раце" т.е. држење на
парчето за обработка на десната страна од сечилото на
пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
 Не ги посегнувајте рацете зад граничникот поблиску
од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги
отстраните дрвените остатоци или заради друга
причина додека сечилото ротира. Може да не
забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и
може сериозно да се повредите.
 Разгледајте го парчето за обработка пред да
започнете со сечење. Ако парчето за обработка е
накривено или навалено, прицврстете ја
надворешната навалена страна на граничникот.
Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу
парчето за обработка, граничникот и масата покрај
линијата на сечење. Накривено или навалено парче за
обработка може да се извитка или помести и да
предизвика замотување на сечилото кое ротира при
Македонски | 227
1 609 92A 3VU | (25.7.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pcm 800 sd

Table des Matières