Ставање Во Употреба - Bosch GAS 35 L SFC+ Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 L SFC+ Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
– Потоа ставете го адаптерот за вшмукување 19 на SFC+
модулот 20, додека не слушнете двете копчиња на
притискање 31 да се вклопат на SFC+ модулот.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање 31 навнатре и извлечете ги деловите еден
од друг.
Монтирање на млазниците и цевките (види слика D)
– Ставете ја заоблената млазница 22 на цревото за
вшмукување 21, додека не слушнете двете копчиња на
притискање 31 да се вклопат на цревото за
вшмукување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за вшмукување
(подна млазница, млазница за фуги, цевка за
вшмукување итн.) на заоблената млазница 22.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање 31 навнатре и извлечете ги деловите еден
од друг.
Ставање/вадење на вреќичката за
отпад/прав (Вшмукување на суви материјали)
(види слики E1–E2)
За вшмукување на суви материјали може да употребите
вреќичка за отпад 23 или вреќичка за прав (опрема). Со
тоа се олеснува складирањето на правта.
Напомена: Доколку користите хартиена филтер вреќичка
мора, при користење на платнена филтер вреќичка треба
да го исклучите полуавтоматското чистење на филтерот
(SFC+) (види „SFC+ деактивирање", страна 167).
Вметнување на вреќичката за отпад
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Ставете ја вреќичката за отпад 23 со отворот за
полнење нанапред во контејнерот 1.
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната
прирабница до крај.
– Проверете дали вреќичката за отпад 23 целосно лежи
на внатрешните ѕидови на контејнерот 1 .
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад 23 над
површината на контејнерот 1.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад 23 од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичката за отпад 23, без да
ја оштетите, од вшмукувачот.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете ја
вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад 23 под отворот
за полнење со извадениот поклопец со лепливи ленти.
Bosch Power Tools
Менување/вметнување на вреќичката за прав
(опрема)
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете ја полната вреќичка за прав од приклучната
прирабница наназад. Затворете го отворот на
вреќичката за прав со затворање на капакот. Извадете
ја затворената вреќичка за прав од вшмукувачот.
– Наместете ја новата вреќичка за прав на приклучната
прирабница на вшмукувачот. Проверете дали
вреќичката за прав по целата должина налегнува на
внатрешниот ѕид од контејнерот 1 .
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Местење на гумената лента (Вшмукување на
влажни материјали) (види слика F)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Извадете ги четките 27 со соодветен алат од подната
млазница 28.
– Поставете ја гумената лента 26 во подната млазница
28.
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика G)
За транспорт на вшмукувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на вшмукувачот и/или
електричниот апарат, може да прикачите L-Boxx на
горниот дел од вшмукувачот.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 7.
 Не го носете вшмукувачот на рачката за носење на
прикачената L-Boxx. Вшмукувачот е претежок за
рачките за носење на L-Boxx. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
 Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
Македонски | 165
3
1 609 92A 3WO | (15.9.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières