Bosch C-EXACT 1 Notice Originale page 174

Masquer les pouces Voir aussi pour C-EXACT 1:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
174 | Македонски
делови од опремата или доколку долго време не
сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот алат.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Подесување на вртежниот момент (види слики C - D)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување (22) што е
испорачан со уредот.
– Турнете го лизгачот (10) од електричниот алат
целосно наназад.
– Вметнете го алатот за поставување (22) во прифатот
за алат (2) и полека свртете го.
– Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за
подесување (23)) на спојката, вметнете го алатот за
поставување (22) во оваа испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
повисок вртежен момент, а вртењето во правец
спротивен од стрелките на часовникот создава помал
вртежен момент.
– Извадете го алатот за поставување (22). Турнете го
лизгачот (10) повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
Вртежниот момент поставете го само во
u
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување (4) може да го
замените со прстен за обележување во друга боја.
Притиснете го прстенот за обележување (4) со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот алат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-
приказот (6) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот (6) свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
1 609 92A 6L4 | (18.05.2021)
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на подигање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,3 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на притискање
Електричните алати немаат заштита од рестартирање и
може повторно да се вклучат непосредно по
автоматското исклучување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Исклучете го струјниот уред PUC-EXACT од
u
струјната мрежа, пред да го исчистите. Така ќе
избегнете опасност од струен удар. Исклучувањето на
струјниот уред не е доволно.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Подмачкување на електричниот алат
средство за подмачкување:
Специјална маст за погони (225 ml)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Моликотна маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето
со растворувач. Следете ги напомените на
производителот на растворувачот за користење и
фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со
специјална маст за погони од Bosch. Повторете го
процесот на чистење по околу 300 работни часа од
првото чистење.
– Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за
исклучување по 100000 завртувања со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
лизгачките делови и оние што се тркалаат со
моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката,
за да се осигурате дека нема да влијае на
повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да
се постави вртежниот момент на спојката.
Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
u
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и сигурно.
Средствата за подмачкување и чистење отстранете
u
ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на
законските прописи.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières