Bosch C-EXACT 1 Notice Originale page 173

Masquer les pouces Voir aussi pour C-EXACT 1:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Користете исклучиво оригинален кабел! Пред
u
секое користење проверете дали е оштетен уредот,
кабелот и приклучокот. Кабелот не смее да се
поправа, туку мора да се замени.
Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
u
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот алат.
Секогаш поврзете го прво електричниот алат со струјниот
уред PUC-EXACT, пред да го приклучите струјниот уред на
струјна мрежа.
Вметнете го кабелот од уредот (7) во приклучната чаура
(13) на струјниот уред PUC-EXACT. Внимавајте жлебот
(15) точно да одговара на спојката на кабелот на уредот
на игличките од приклучната чаура. Завртете ја чаурата
(11) во правец на стрелките на часовникот на
приклучната чаура.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на
подигање внимавајте да не го ставите одвртувачот на
лостот за подигање, пред да го приклучите струјниот уред
PUC-EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите
невнимателното ставање во употреба на одвртувачот.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на
притискање внимавајте да не го притискате аксијално
одвртувачот, пред да го приклучите струјниот уред PUC-
EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите
невнимателното ставање во употреба на одвртувачот.
Прво вметнете го приклучокот (18) на мрежниот кабел
(19) во приклучната чаура (21) на струјниот уред PUC-
EXACT. Сега можете PUC-EXACT да го приклучите на
струјното напојување, со вметнување на мрежниот
приклучок (20) во приклучница со заштитен контакт.
Секогаш поврзете го прво струјниот кабел со струјниот
уред PUC-EXACT, пред да го ставите струјниот приклучок
(20) во приклучницата, инаку постои опасност од
електричен удар.
Употреба
Користете лична заштитна опрема.
Секогаш носете заштита за очи.
Заштитната опрема, како на пр., маска за
прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто
се користат за соодветни услови, ќе доведат до
намалување на лични повреди.
Поставете го правецот на вртење
Десен тек: При испораката, електричниот алат е
подесен за завртување на завртки и навртки (десен
тек). Прекинувачот за правец на вртење (5) не е
притиснат.
Лев тек: За олабавување на завртки и навртки
притиснете го прекинувачот за правец на вртење
(5). Со вртење на притиснатиот прекинувач за
правец на вртење ова може да се блокира.
Bosch Power Tools
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (5) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Вклучување/исклучување на струјниот уред
PUC-EXACT (види слика A)
Најпрво мора да го активирате струјниот уред PUC-EXACT
за да може да го вклучите електричниот алат C-EXACT
(види „Приклучување на струјното напојување (види
слики A - B)", Страница 172).
За вклучување на струјниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (14) на
струјниот уред во позиција „1".
LED-приказот што свети зелено (16) покажува кога
струјниот уред е подготвен за работа.
PUC-EXACT-1: Доколку LED-приказот свети (17), има
пречка.
За исклучување на струјниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување на струјниот
уред (14) во позиција „0".
Вклучување/исклучување на електричниот
алат
Одвртувачите имаат спојка за
исклучување која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) до крај.
Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
u
вклучување/исклучување (9) претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање
За вклучување на електричниот алат, поставете го
алатот за вметнување на завртката и со лесен аксијален
притисок притиснете на одвртувачот.
Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
При предвремено отпуштање на одвртувачот,
u
на пр. доколку алатот за вметнување на
одвртувачот се лизне од завртката, нема да се
постигне претходно избраниот вртежен момент.
При вклучување на електричниот алат или со краток
притисок на прекинувачот за десно-лево (5) ја
активирате LED-работната светилка. LED светилката се
гаси по околу 2 минути по последното завртување.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Совети при работењето
Прекинете го струјното напојување, пред да
u
почнете да го подесувате уредот, да менувате
Македонски | 173
1 609 92A 6L4 | (18.05.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières