Навртки И Шрафови За Фиксирање; Вонредно Одржување; Вонредно Одржување На Уредот Со Сечивото - Stiga HT 40 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 160
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот и на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
По работата, мора да го исчистите
и подмачкате сечивото за да му ја
продолжите функцијата и долготрајноста.
Не допирајте го уредот со сечивото
ако не сте ја извадиле батеријата и ако
уредот со сечивото не е застанат докрај.
• Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
• Чистете го сечивото со сува крпа и
користете лопатка ако има упорни дамки.
• Подмачкајте го сечивото внимателно
нанесувајќи слој на одреденото
масло без да ја измачкате и делот
на горниот крај на сечивото.
7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ НА
УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
Не допирајте го уредот со сечивото
ако не сте ја извадиле батеријата и ако
уредот со сечивото не е застанат докрај.
Ако се користи во согласност со
упатството, сечивото не бара никакво
одржување или острење.
8.1.1 Контрола
Повремено проверувајте
дали се сечивата искривени,
оштетени или изабени и дали се
шрафовите соодветно затегнати.
Не е потребна регулација на растојанието
меѓу сечивата бидејќи движењето
е веќе поставено фабрички.
8.1.2 Острење
Острењето е неопходно кога изведбата
на ножевите опаѓа и гранките се
наведнуваат и честопати се заплеткуваат.
Од безбедносни причини, острењето
мора да се изведе во специјализиран
центар кој располага со стручност и
соодветни алатки за извршување на оваа
работа без да се ризикува оштетување на
сечивото и да се предизвика небезбедна
состојба во текот на работата.
Ножот со оштетени сечива не смее
никогаш да се остри, туку да се замени.
8.1.3 Замена
Сечивото никогаш не смее да
се поправа, туку мора да се замени
штом ќе се забележат зачетоци на
оштетување или кога ќе се достигне
дозволениот лимит за острење. Од
безбедносни причини, тоа треба да се
замени во овластен сервисен центар.
Со оваа машина предвидено е да се користи
сечивото коешто го носи кодот посочен
во табелата сос технички податоци
Заради развојот на производот, сечивата
наведени во табелата „Технички податоци"
треба со време да се заменат со други
со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
MK - 10

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières