Bosch AdvancedTableCut 52 Notice Originale page 235

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика C)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (6).
Монтажа на работна маса на Bosch (види слика D)
Работните маси на Bosch (на пр. PTA 2400) на
електричниот алат му нудат стабилност на секоја подлога
со помош на ногарките што се подесливи во висина.
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
нејзино распаѓање.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Bosch Power Tools
Надворешно всисување (види слика E)
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
млазницата за всисување (22).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Монтирање на сечилото за пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
При подолга употреба заштитниот капак може да се
u
вжешти. Пред допирање оставете го да се излади.
Не го затегнувајте ланецот и не го извлекувајте од
u
водечката единица!
Секогаш заменувајте целосно сечило за пила со
u
друго! Само ланецот не смее да се менува.
Вметнувајте само чисти сечила за пила. Внимавајте
u
исто така на SDS-прифатот за сечило за пила да
нема струготини.
За материјалот, кој што сакате да го обработите,
u
изберете го соодветниот лист на пилата.
Внимавајте на тоа вертикалниот агол на закосување да
u
е поставен на 0°.
За монтирање на сечило за пила, тоа мора да биде
фиксирано на средина на масата за пила.
– Притиснете ја блокадата (11) кон лево и држете ја
притисната. Извлечете ја влечната прачка (10)
нанапред, додека блокадата не се вклопи во првата
позиција за вклопување.
Вадење на сечилото за пила (види слики F1−F2)
– Евентуално олабавете ги завртките од отворите (6) и
ставете ја пилата на левата страна.
– Со рачката (28) отворете го капакот (29) на SDS-
прифатот за сечило за пила (33).
Притоа внимавајте на тоа SDS-прифатот за сечило за
пила да биде целосно отворен.
– Извадете го сечилото за пила (3) кон лево од масата за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика F2)
– Вметнете го сечилото за пила како што е прикажано на
сликата. Внимавајте на тоа процепот да налегне во
сечилото за пила на погонското вратило (32). Крајот
на сечилото за пила мора да одговара во SDS-
прифатот за сечило за пила (33).
– Затворете го капакот (29) на SDS-прифатот за сечило
за пила (33) и заклучете го со рачката за заклучување
на SDS-прифатот за сечило за пила (28), додека не
слушнете да се вклопи.
Македонски | 235
1 609 92A 3LB | (08.01.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières