Bosch AdvancedTableCut 52 Notice Originale page 234

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
234 | Македонски
Столна пила/столна пила со
лизгачка функција
Класа на заштита
Максимални димензии на делот што се обработува (види
„Максимални димензии на делот што се обработува",
Страница 237)
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 90 dB(A);
ниво на звучна јачина 100 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна пила со лизгачка функција
(монтирано: сечило за пила (3))
– Универзален граничник (2)
– Дополнителен граничник (21)
– Водечка летва (9) со помош за навртување (37)
– Основа на предметот за обработка (34)
1 609 92A 3LB | (08.01.2019)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
AdvancedTableCut 52
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
/ II
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Прво ставање во употреба
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на граничници
Монтирање на универзален граничник (види слика A)
– Вметнете ја шината (23) на универзалниот граничник
(2) во саканиот лизгачки жлеб (24) или (25) на масата
за пила.
– За блокирање на универзалниот граничник во
средниот лизгачки жлеб (25) или во лизгачкиот жлеб
(24) затегнете го затезниот лост (1) во правец на
стрелките на часовникот.
За да ја промените позицијата на затезниот лост (1),
подигнете го нагоре и свртете го во саканата позиција.
– За блокирање на универзалниот граничник во
лизгачкиот жлеб (24) затегнете ја завртката со
нарецкана глава (19), ако делот што се обработува е
издаден над масата за пила.
Монтирање на дополнителен граничник (види слика
B)
За подобро налегнување на долги делови за обработка
при сечења по должина може да се монтира
дополнителниот граничник (21) на универзалниот
граничник (2).
– За да го извадите дополнителниот граничник (21) од
држачот под масата за пила, притиснете на копчето за
отклучување (26) и извлечете го граничникот наназад.
– Вметнете го дополнителниот граничник (21) со две
пеперутки-завртки (27) од горе во жлебовите на
универзалниот граничник (2), додека дополнителниот
граничник не налегне на масата за пила.
– Затегнете ги двете пеперутки-завртки (27) во правец
на стрелките на часовникот.
Напомена: Внимавајте на тоа дополнителниот граничник
целосно да налегнува на масата за пила.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières