Bosch GSS 23 A Professional Notice Originale page 110

Masquer les pouces Voir aussi pour GSS 23 A Professional:
Table des Matières

Publicité

110 | Македонски
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во
моментот кога е во употреба. Ова може значително да го
намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав (3) на млазниците за
издувување (10), додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав (3) извлечете ја
надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав (3) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (3) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (11) нагоре и испразнете ја
1 609 92A 4AF | (15.05.2018)
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (11)
со мека четка.
Надворешно всисување (види слика B)
Ставете црево за всисување (12) на млазниците за
издувување (10).
Цревото за всисување (12) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е
користење тестирани уреди за всисување на прав
настаната при обработка на дрво, а сопственото
всисување не смее да се користи во комерцијални
предели. Комерцијалните корисници мора да ги
разјаснат специјалните барања за други материјали со
надлежното здружение на професионалци.
Менување на брусните листови
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови без леплива лента (види слики C–E)
❶ Притиснете на копчето за отклучување (8) и држете
го притиснато.
❷ Водете го брусниот лист (7) до крај под отворениот
преден терминален блок (9) и отпуштете го копчето
за отклучување (8). Внимавајте на затегнатоста на
брусниот лист во средината.
❸ Притиснете ја рачката за блокада (5) и држете ја
притисната.
❹ Брусниот лист (7) поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист (7)
под отворениот заден терминален блок (4).
❺ Држете го брусниот лист затегнат и отпуштете ја
рачката за блокада (5), за да го фиксирате брусниот
лист.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (13) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика F).
За да го извадите брусниот лист (7) притиснете ја рачката
за блокада (5) и извлечете го брусниот лист од неговиот
заден држач. Притиснете го копчето за отклучување (8) и
целосно извадете го брусниот лист.
Избирање на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières