Примери За Работа; Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GHG 660 LCD Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GHG 660 LCD Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
OBJ_BUCH-485-007.book Page 120 Tuesday, April 19, 2016 4:14 PM
120 | Македонски
Примери за работа
Слики со примери за работењето може да најдете во
преклопените страници.
Податоците за температура во примерите за работа се
референтни вредности, коишто може да отстапуваат во
зависност од составот на материјалот. Растојанието на
млазницата зависи од материјалот што се обработува.
Оптималната температура за односната примена може да
се одреди со практичен обид. Секогаш започнувајте со
понизок степен на температура.
Во сите примери за работа, освен „Отстранување на лак од
прозорци" , може да работите без опрема. Сепак
користењето на предложените делови опрема ја
поедноставува работата и го зголемува квалитетот на
резултатот.
 Внимавајте при замената на млазницата! Не ја
допирајте врелата млазница. Оставете го
електричниот апарат да се олади и при замената
носете заштитни ракавици. Може да се изгорите од
врелата млазница.
Отстранување на лак/вадење на лепак (види слика A)
Поставете ја плоснатата млазница 11 (опрема). Омекнете
го кратко лакот со топол воздух и подигнете го со остра,
чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори лакот и
ќе го отежни отстранувањето.
Повеќето средства за лепење (напр. налепници)
омекнуваат од топлината. Кога лепакот е загреан може да
ги одвоите споевите или да го отстраните вишокот лепак.
Отстранување на лак од прозорци (види слика B)
 Неопходно е да користите млазница за заштита на
стаклото 12 (опрема). Постои опасност од кршење на
стаклото.
На профилираните површини може да го подигнете лакот
со соодветна шпатула и да го исчеткате со мека жичана
четка.
Преобликување на пластични цевки (види слика C)
Поставете ја рефлекторската млазница 13 (опрема).
Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги од
двете страни, за да го спречите прекршување на цевката.
Рамномерно затоплувајте ја цевката со странични
движења од сите страни.
Заварување на пластика (види слика D)
Поставете ја редуцирната млазница 16 и папучата за
заварување 15 (двете од опремата). Делот што ќе се
заварува и жицата за заварување 14 (опрема) мора да
бидат од ист материјал (напр. двете од PVC). Работ на
заварување мора да биде чист и немасен.
Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не стане
тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на
температура помеѓу тестеста и течна состојба на
пластиката е многу мала.
Принесете ја жицата за заварување 14 и вдлабнете ја во
процепот, така што ќе се создаде рамномерно
испапчување.
1 609 92A 2MR | (19.4.16)
Термособирање (види слика E)
Поставете ја редуцирната млазница 16 (опрема).
Изберете дијаметар на термособирачкото црево 17
(опрема) во зависност од делот што се обработува (напр.
кабелска папуча). Рамномерно загрејте го
термособирачкото црево.
Одмрзнување на водоводи (види слика F)
 Пред загревањето проверете, дали всушност се
работи за водовод. Водоводите честопати не може да
се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед.
Гасоводите не смеат да се загреваат во никој случај.
Поставете ја аголната млазница 18 (опрема). Замрзнатите
места секогаш загревајте ги од работ кон средината.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од цевката
треба да се загреваат со особена претпазливост, за да се
избегнат оштетувања.
Меко лемење (види слика G)
За точкасто лемење поставете ја редуцирната млазница
16, а за лемење на цевки рефлекторската млазница 13
(двете од опремата).
Доколку користите лем без течно средство, додадете маст
или паста за лемење на местото на лемење. Во зависност
од материјалот, загрејте го местото на лемење околу 50 до
120 секунди. Додадете го лемот. Лемот мора да се стопи
со делување на температурата на делот што се
обработува. Доколку е потребно, откако ќе се излади
местото на лемење, отстранете го течното средство.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење на филтерот за груба нечистотија
Поместете го поклопецот 2 со филтерот за груба
нечистотија наназад од куќиштето. Издувајте го филтерот
(напр. со компресиран воздух) или исчистете го со мека
четка. Вратете го поклопецот на место.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières