Hach HQd Manuel D'utilisation page 356

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 48
Инсталација
В Н И М А Н И Е
Повеќе опасности. Само квалификувано лице смее да ги
извршува задачите опишани во овој дел од документот.
Поставете ги батериите
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е
Опасност од експлозија. Неправилното поставување на батеријата може да
предизвика испуштање на експлозивни гасови. Проверете дали батериите
се од одобрениот хемиски тип и дали се правилно поставени. Не
комбинирајте нови со користени батерии.
З А Б Е Л Е Ш К А
Преградата за батерии не е водоотпорна. Доколку преградата за батерии се
навлажни, отстранете и исушете ги батериите и исушете го внатрешниот
дел на преградата. Проверете да не се 'рѓосани контактите на батеријата и
исчистете ги доколку е потребно.
З А Б Е Л Е Ш К А
Кога се користат никел метал хидридни (NiMH) батерии, иконата за
батеријата нема да покаже целосно полнење по поставувањето на штотуку
наполнети батерии (NiMH батериите се 1,2 V во споредба со 1,5 V за
алкалните батерии). Иако иконата не покажува целосно полнење, NiMH
батериите од 2300 mAH ќе постигнат 90% од времето на работа на
инструментот (пред повторно полнење) во споредба со нови алкални
батерии.
З А Б Е Л Е Ш К А
За да избегнете потенцијално оштетување на мерачот од истекување на
батеријата, отстранете ги батериите на мерачот доколку нема да го
користете подолго време.
Мерачот може да се употребува со AA алкални или NiMH батерии
на полнење. За продолжување на траењето на батеријата, мерачот
ќе се исклучи по 5 минути неактивност. Ова време може да се
промени во менито Display Options (Опции за прикажување).
За поставување на батеријата видете
356 Македонски
Слика
3.
1. Повлечете го јазичето за отворање на капакот од батеријата и
отстранете го капакот.
2. Поставете 4 AA алкални или 4 AA никел метал хидридни (NiMH)
батерии. Проверете дали батериите се поставени со правилен
поларитет.
3. Заменете го капакот на батеријата.
Слика 3 Поставување на батеријата
1 Батерии
2 Јазиче за отворање
3 Капак на батеријата

Publicité

Chapitres

Table des Matières
loading

Table des Matières