Bosch GKS 18 V-LI Professional Notice Originale page 195

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 18 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (27) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Работа
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (29). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (6), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (6).
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка
(29).
Затезната сила на затезната рачка (29) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (29) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (4).
Олабавете ја пеперутка-завртката (11). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (13). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката
(11).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (28).
Ознаки за сечење
45°
Ознаката за сечење 0° (9) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
Bosch Power Tools
сечење 45° (10) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
u
Наполнетата батерија (3) притиснете ја од напред
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената
линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
45°
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
1 609 92A 4LJ | (20.12.2018)
Македонски | 195

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières