Bosch GBH 2-24 RE Professional Notice Originale page 166

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 2-24 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-2460-001.book Page 166 Thursday, May 7, 2015 10:48 AM
166 | Македонски
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика K)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при
монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 28 на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка 29 на Saugfix поставете ја во држачот,
така што главата на Saugfix ќе легне на површината за
дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 29 над
телескопската цевка 27 повеќе одошто е потребно,
доволно е да се гледа што е можно поголем дел на
сликата од телескопската цевка 27.
– Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 28.
Олабавете го шрафот за затворање 25 на граничникот
за длабочина од Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина 26 на
телескопската цевка 27, така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Зацврстете го шрафот за затворање 25 во оваа
позиција.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на начинот на работа
GBH 2-24 RE:
Со прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење" 16 изберете
го начинот на работа на електричниот апарат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 15 и свртете го прекинувачот
за „дупчење/ударно дупчење" 16 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
GBH 2-24 DRE/DFR:
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 11
изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 10 и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи 11 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
1 609 92A 170 | (7.5.15)
GBH 2-24 RE
Позиција за ударно дупчење
во бетон или камен
Позиција за Дупчење без
удари во дрво, метал,
керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Позиција Vario-Lock за
подесување на позицијата на
длетото
Во оваа позиција,
прекинувачот за запирање на
удари/вртежи 11 не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 7 од двете страни до крај во позиција
Тек на лево: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 7 од двете страни до крај во позиција
– Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
– За Фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување, држете го истиот притиснат
и дополнително притиснете на копчето за фиксирање
8.
– За вклучување на електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9. Доколку
сте го блокирале прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 најпрво притиснете го
истиот и потоа отпуштете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 9.
GBH 2-24
DRE/DFR
.
.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbh 2-24 dre professionalGbh 2-24 dfr professional

Table des Matières