Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch PML LI Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour PML LI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
OBJ_BUCH-1197-004.book Page 72 Thursday, October 10, 2013 8:46 AM
72 | Македонски
Заштитната ташна 9 може да ја прицврстите на вашиот
појас со врвките од задната страна или со помош на
велкро лентата на било кој предмет.
Монтажа како стационарна светилка
(види ги сликите B и E)
Со помош на свитливиот кабел 2 од батериската светилка
може да направите стационарна светилка.
– Држачот на свитливиот кабел вметнете го по должината
на водечките жлебови во блокадата на батерискиот
адаптер 12, додека не се вклопи.
– Вметнете ја главата на светилката 1 во свитливиот
кабел 2, додека не се вклопи.
– Приклучокот на кабелот од свитливиот кабел 2 ставете
го во отворот на главата на светилката 1.
– Вметнете ја батеријата (види „Вметнување на батерија",
страна 71).
Вадење на главата на светилката
(види слика F)
Најпрво исклучете ја батериската светилка и извадете ја
батеријата. За да ја извадите главата на светилката 1,
извадете го кабелот, полека извлечете го лостот за
отклучување 16 нагоре и повлечете ја главата на
светилката наназад од компонентата.
Монтажа со држачот за цевката
(види ги сликите B и G)
Со држачот за цевка 8 може да ја прицврстите батериската
светилка на цевки, огради, шаторски прачки и сл.
Држачот за цевка 12,5° може да се навали на десно или на
лево, за оптимално да се насочи зракот светлина.
Монтажа со челна лента (види ги сликите B и H)
Со универзалниот адаптер 6 и челната лента 5 може да ја
користите батериската светилка како челна светилка.
Универзалниот адаптер 6 може да се навали, за оптимално
да се насочи зракот светлина.
Универзален адаптер со велкро лента
(види ги сликите B и I)
Со универзалниот адаптер и велкро лентата може да ја
користите батериската светилка на било кое место.
Универзалниот адаптер 6 може да се навали, за оптимално
да се насочи зракот светлина.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка,
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
11.
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската
светилка само доколку ја користите.
1 609 92A 0EV | (10.10.13)
Совети при работењето
Стакло за распрскување на светлината (види слика J)
Со стаклото за распрскување светлина 13 светлото може
да се распрскува, доколку батериската светилка сакате да
ја користите напр. како ламба за читање.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи
делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка
со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не
користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на батериската светилка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
 Пред било каква интервенција на батериската
светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и
при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од батериската светилка.
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières