Télécharger Imprimer la page

AEG DI 8610 Notice D'utilisation page 63

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на
брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од
шпоретот.
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена
концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите
издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го
оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
Командите се наоѓаат на предната табла од апаратот:
A.
Главен прекинувач, аспиратор вклучен/исклучен (состојба на
подготвеност)
B.
Функционирање и избор на брзината на моторот 1-2-3-1-2-....
C.
Ја покажува брзината 1
D.
Ја покажува брзината 2 (LED светилка) и заситеноста на
филтерот за масти (контролна светилка).
E.
Ја покажува брзината 3 (LED светилка) и заситеноста на
филтерот со активен јаглен (контролна светилка).
F.
Ја покажува максималната брзина (LED светилка)
G.
Максимална
брзина
Максималната брзина функционира пет минути:
Ако аспираторот е вклучен кога се активира максималната
брзина, апаратот ќе се врати на претходната брзина по
завршувањето на тие пет минути.
Ако аспираторот е исклучен кога се активира максималната
брзина, апаратот ќе се исклучи автоматски по завршувањето на
тие пет минути.
За да се прекине максималната брзина, притиснете го копчето A
или B.
H.
Исклучено осветлување
I.
Вклучено осветлување
Во случај ако аспираторот или командите не функционираат се
препорачува да се исклучи струјата најмалку 5 секунди и потоа
повторно да се вклучи. Почекајте потоа 15 секунди и проверете дали
аспираторот функционира правилно.
Уред за контрола на филтерот за масти и на филтерот со активен
јаглен.
Овој тип на аспиратор е опремен со уред што сигнализира кога треба
да се исчисти филтерот за масти или филтерот со активен јаглен
(купено со филтер со активен јаглен од фирмата производител
специјализирана за аспиратори).
Овој тип на аспиратор се испорачува од производителот без филтер со
активен јаглен па поради тоа индикаторот за заситеност е деактивиран.
Ако аспираторот се купи комплетен со филтер со активен јаглен,
индикаторот за заситеност се активира како што следи:
Држете ги притиснато истовремено копчињата B и G околу 3 секунди.
Најпрво се активира само LED индикаторот за филтерот за масти D, а
веднаш потоа се активира LED индикаторот на филтерот со активен
јаглен E, во тој момент е активирана контролата на состојбата на
заситеност.
За да исклучите: држете ги притиснато копчињата B и G 3 секунди се
додека не почне да светка LED индикаторот на филтерот со активен
јаглен.
Led – индикатор на филтерот за масти D
LED индикаторот на филтерот за масти свети кога е потребно да се
исчисти.
Следете ги упатствата за одржувањето.
Led – индикатор на филтерот со активен јаглен E
LED индикаторот на филтерот со активен јаглен се вклучува кога треба
да се замени филтерот. Тоа треба да се провери по околу 160 часа
работа по првото ставање во функција.
вклучена/исклучена
(LED
Повторно воспоставување на индикаторот на заситеноста
По чистење на филтерот, држете го притиснато копчето A 3 секунди се
додека не престанат да светат LED светилките D или E.
Внимание! Повторното воспоставување на индикаторот на заситеност
ТРЕБА да се изврши со аспираторот во состојба на подготвеност,
поради тоа аспираторот не треба да се исклучува од електричната
мрежа.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција
со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од
внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа
навлажнета со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето
на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Се препорачува до придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно
одржување или неследење на наведените упатствата.
светилка).
Филтер за масти
Бр. 17-28
Треба да се чисти еднаш во месецот (или кога системот за покажување
на заситеноста на филтрите – ако е предвиден со моделот што го
имате- ја покажува оваа потреба), со неагресивни детергенти, рачно
или во машина за миење садови на ниска температура и во краток
циклус.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 27
Филтерот со активен јаглен може да се пере секои два месеци (или кога
системот за покажување на заситеноста на филтрите – ако е
предвидено со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба) во
топла вода и соодветни детергенти или во машина за миење на садови
на 65°C (во случај на перење во машина за миење на садови извршете
комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста).
Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа
извадете го перничето ставено во внатрешноста на куќиштето од
пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно
сушење.
Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е
оштетено.
Замена на сијалиците
Бр. 29
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се
изладени.
Користете само халогенски сијалици од 12V -20W max - G4, имајќи во
предвид да не ги допирате со рацете.
63

Publicité

loading