Bosch EasySaw 12 Notice Originale page 136

Masquer les pouces Voir aussi pour EasySaw 12:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
OBJ_BUCH-2927-001.book Page 136 Monday, August 8, 2016 11:04 AM
136 | Македонски
Сечење со сабјеста пила (види слика D)
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
 Внимавајте на тоа, основната плоча 7 да лежи
стабилно на делот што се обработува. Листот за
пилата може да се блокира и да доведе до губење
контрола над електричниот апарат.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Вклучете го електричниот апарат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча 7 на
површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го
електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го
електричниот апарат.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
надминување на границите на дозволена температура на
батеријата, електричниот апарат се исклучува. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
1 609 92A 32L | (8.8.16)
Редовно чистете го SDS-прифатот за лист за пилата 9. За
го исчистите, извадете го листот за пила од електричниот
апарат и тропнете лесно со електричниот апарат на рамна
површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières