Одржување И Сервис - Bosch GBH 36 V-EC Compact Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-518-009.book Page 176 Thursday, October 6, 2016 12:58 PM
176 | Македонски
– При температура на батеријата од над 70 °C
електричниот апарат се исклучува, додека батеријата
не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот апарат:
– Црвеното LED светло 14 постојано свети при
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 8: Температурата на
електрониката на електричниот апарат изнесува
помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C.
– При температура од над 90 °C електрониката на
електричниот апарат се исклучува, додека не се врати
повторно во границите на температурата за работа.
Совети при работењето
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Меката дршка ја зголемува заштитата од лизгање и
обезбедува подобро држење и ракување на електричниот
апарат.
– Електричниот апарат држете го на горниот дел од
дршката, за да може оптимално да се искористи
амортизацијата на вибрациите.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика K)
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач
потребен ви е универзален држач 27 со SDS-plus вратило
за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот
на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на
универзалниот држач. Користете само битови што се
соодветни на главата за зашрафување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата
за заклучување 4 наназад и извадете го универзалниот
држач 27 од прифатот за алат.
1 609 92A 2P7 | (6.10.16)
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат 2 по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières