Milwaukee CHS 355 Notice Originale page 76

Masquer les pouces Voir aussi pour CHS 355:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
дискови за сечење обично се кршат за време на
тестирањето.
i) Носете опрема за лична заштита.Во зависност од
примената, користете штит за лице, заштитна маска или
заштитни очила.Доколку е соодветно, носете маска за
прашина, заштитници за слух, ракавици и работна
престилка коишто може да спречат мали абразивни
делчиња или делчиња од работното парче.
Заштитата за очите мора да може да ги спречи разлетаните
парчиња нечистотија што се создаваат при различните
операции.Маската за прашина или респираторот мора да
може да ги спречи честичките што се создаваат при
работењето.Долготрајната изложеност на бучава со висок
интензитет може да предизвика губење на слухот.
j) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг
на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на
работа, мора да носи опрема за лична заштита.
Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал
или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто
така и надвор од директниот делокруг на работа.
k) Наместете го кабелот подалеку од вртливиот приклучок.
Ако изгубите контрола, кабелот може да се исече или
заплетка и вашата дланка или рака може да биде
повлечена во вртливиот приклучок.
l) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може
да предизвика електрични опасности.
m) Не користете го електричниот алат во близина на запаливи
материјали.Не користете го електричниот апарат додека е
поставен на согорлива површина како дрво.
Искрите може да ги запалат овие материјали.
n) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење.
Употребата на вода или на други течни средства за ладење
може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар е ненадејна реакција на приклештен или
заплеткан ротирачки диск за сечење.Приклештувањето или
заплеткувањето предизвикуваат брз застој на ротирачкиот диск
за сечење, којшто потоа предизвикува неконтролирано
движење на уредот за сечење нагоре кон операторот.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар.
Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот
удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
b) Не поставувајте го вашето тело пред ротирачкиот диск
за сечење.
Ако се случи повратен удар, уредот за сечење ќе се
придвижи нагоре кон операторот.
c) Не прикачувајте синџир за пила, сечило за резбарење
дрво, сегментиран дијамантски диск со периферно
растојание поголемо од 10 мм или сечило за пила со
запци. Таквите сечила создаваат чести повратни удари
и губење на контролата.
d) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не
нанесувајте прекумерен притисок.Не обидувајте се да
150
МАКЕДОНСКИ
направите премногу длабок засек. Преоптоварувањето
на дискот за сечење го зголемува оптоварувањето и
подложноста на искривување или заглавување на
дискот за сечење во засекот и можност за повратен
удар или кршење на дискот за сечење.
e) Кога дискот за сечење е заглавен или кога сечењето е
прекинато од која било причина, исклучете го алатот и
мирно држете го уредот за сечење до потполно
запирање на дискот за сечење.Никогаш не обидувајте
се да го извадите дискот за сечење додека е во
движење, во спротивно може да се случи повратен
удар. Истражете и преземете корективна мерка за
отстранување на причината за заглавување на дискот
за сечење.
f) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
g) Поткрепувајте ги преголемите работни парчиња за да
се минимизира ризикот од приклештување на дискот за
сечење и повратен удар.Големите работни парчиња
имаат тенденција да се искриват од сопствената
тежина.Потпорите мора да бидат поставени под
работното парче во близина на линијата на сечење и
близу до работ на работното парче од двете страни на
дискот за сечење.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш користете заштита за очи и уши при сечењето.
Користете опрема за лична заштита, како што е маска за
прашина, ракавици и престилка.Ако постои опасност од
паѓање на предмети, носете шлем или заштита за главата.
Проверете дали абразивниот диск за сечење е правилно
наместен и затегнат пред употреба и вклучете ја машината без
оптоварување за 30 секунди во безбедна позиција и веднаш
запрете ја и сменете го дискот за сечење ако има значителни
вибрации.
Пред да направите засек, уверете се дека сите
приспособувања се безбедни.
Пред да извршите какво било приспособување, проверете
дали апаратот е исклучен од напојувањето.Ако не го исклучите
напојувањето, тоа може да резултира со случајно вклучување
и да предизвика сериозна телесна повреда.
Составете ги сите делови на машината за сечење пред да ја
поврзете со напојувањето.
Производот никогаш не треба да биде поврзан на напојување
кога составувате делови, вршите приспособувања, монтирате
или отстранувате дискови за сечење или кога не е во употреба.
Визуелно проверувајте го дискот за сечење пред секоја
употреба.Проверете дали дискот за сечење има процепи и
пукнатини.Не користете оштетен диск за сечење.
Не користете сечила за пили.
Никогаш не користете дискови за сечење што се премногу
дебели за да не се дозволи контакт на надворешната
прирабница со рамните делови од оската.Поголемите дискови
за сечење ќе ги допираат штитниците за дисковите, додека
подебелите дискови за сечење ќе ја спречат завртката да го
прицврсти дискот за сечење на оската.Секоја од овие ситуации
може да резултира со сериозна несреќа и може да предизвика
сериозна телесна повреда.
Не отстранувајте ги штитниците за дисковите на машината.
Никогаш не ракувајте со машината со отстранети штитници
или капаци.Проверете дали сите штитници функционираат
правилно пред секоја употреба.
Не вклучувајте ја машината за сечење без да проверите дали
има препреки помеѓу дискот за сечење и работната маса.
Дискот за сечење може да се оштети ако ја удри подлогата на
работната маса при работата.
Не обидувајте се да сечете дрвја или ѕидови со машината за
сечење.Никогаш не сечете магнезиум или магнезиумска легура
со машината.
Не затегнувајте го дискот за сечење премногу бидејќи тоа
може да предизвика пукнатини.
Секогаш лесно допрете го абразивниот диск за сечење врз
работното парче кога почнувате со сечењето.Груб удар може
да го скрши дискот за сечење.
Никогаш не сечете повеќе од едно работно парче во исто
време.Не ставајте повеќе работни парчиња едно врз друго на
работната маса во исто време.
За да се минимизира ризикот од превртување на машината,
секогаш поткрепувајте ги долгите работни парчиња.
Сечењето челик ќе предизвика искри.Не ракувајте со
машината во присуство на согорливи или запаливи
материјали.
Никогаш не оставајте го алатот да работи без надзор.Не
напуштајте го алатот пред потполно да запре.
Секогаш отпуштајте го прекинувачот за вклучување и почекајте
дискот за сечење да запре со ротирање пред да го подигнете
од работното парче.
Држете ги рацете подалеку од површината за сечење.Држете
ги рацете подалеку од дискот за сечење.
Не посегнувајте под работното парче или околу и под дискот за
сечење додека дискот ротира.Не обидувајте се да го
отстраните отсечениот материјал додека дискот за сечење е
во движење.
Никогаш не застанувајте и не ставајте кој било дел од вашето
тело во линија со патеката на дискот.
Никогаш не застанувајте врз машината.Може да дојде до
сериозна повреда ако машината се преврти или при
ненамерен контакт со дискот за сечење.
Никогаш не вршете никаква операција без потребната опрема.
Секогаш прицврстувајте го со стега работното парче што треба
да се сече.Погледнете во табелата со спецификации за
безбедната минимална големина на работното парче.Секогаш
погрижете се да зафатите најмалку 80 мм во запците на
стегата заради безбедност при сечењето.
Никогаш не држете го работното парче в рака; тоа многу ќе се
вжешти при сечењето.
Секој скок во напојувањето предизвикува флуктуации на
напонот и може да влијае врз другите електрични производи
на истата линија за напојување.Поврзете го производот со
напојување со импеданса еднаква на 0,233 Ω за да се
минимизираат флуктуациите на напонот.Контактирајте со
вашиот снабдувач со електрична енергија за понатамошно
разјаснување.
Се препорачува алатот секогаш да се напојува преку уред за
диференцијална струја со номинална диференцијална струја
од 30 mA или помалку.
Milwaukee препорачува да го користите Дискот за сечење
метал 41A24RBF80 како замена секогаш кога ви треба нов
диск за сечење.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МОНТИРАЊЕ
НА АБРАЗИВНИОТ ДИСК ЗА СЕЧЕЊЕ.
За да се намали ризикот од повреда, корисникот мора да ги
прочита и да ги почитува упатствата, предупредувањата и
прирачникот за операторот пред да започне да го користи
абразивниот диск за сечење.Ако не водите грижа за овие
предупредувања, тоа може да резултира со кршење на дискот
за сечење и сериозна телесна повреда.Зачувајте ги овие
упатства.
Употребата на друг диск за сечење освен препорачаниот во
прирачникот со упатства за машината може да претставува
ризик од телесна повреда.Користете само абразивни дискови
за сечење со означена брзина еднаква или поголема од онаа
означена на машината.
Никогаш не користете абразивни дискови за сечење што се
премногу дебели за да не се дозволи контакт на надворешната
прирабница со рамните делови од оската.Поголемите дискови
за сечење ќе ги допираат штитниците за дисковите, додека
подебелите дискови за сечење ќе ја спречат завртката да го
прицврсти дискот за сечење на оската.Секоја од овие ситуации
може да резултира со сериозна несреќа и може да предизвика
сериозна телесна повреда.
Овој абразивен диск за сечење е наменет само за сечење на
обоени метали.Не обидувајте се да сечете дрвја или ѕидови со
него.Никогаш не сечете магнезиум или магнезиумска легура со
него.
Овој абразивен диск за сечење е погоден само за суво сечење
и треба да се употребува пред истекувањето на рокот на
траење (означен на отворот на дискот, на пр., V07/2019).
Не користете оштетени абразивни дискови за сечење.Не
користете дискови за сечење што се оштетени, напукнати или
на друг начин дефектни.
Уверете се дека абразивниот диск за сечење е правилно
поставен и затегнат пред употребата.
Насоката на вртење на абразивниот диск за сечење е
означена на алатот.При монтажата и менувањето на
абразивниот диск за сечење, уверете се дека ознаката за
насоката на дискот за сечење се совпаѓа со насоката означена
на алатот.
Не затегнувајте го абразивниот диск за сечење премногу
бидејќи тоа може да предизвика пукнатини.
Машината за сечење никогаш не треба биде поврзана на
напојување кога монтирате или отстранувате абразивни
дискови за сечење.
Внимавајте при складирањето на резервните абразивни
дискови за сечење; тие можат лесно да се оштетат.
Информации достапни на етикетата на абразивниот диск
за сечење
Информациите на етикетата на дискот за сечење се ВАЖНИ.
Внимателно прочитајте ја и проверете ја за да се уверите дека
го избирате точниот тип диск за сечење.
1. Произведувач, набавувач, увозник или трговска марка
2. Номинални димензии на абразивниот диск за сечење,
особено дијаметарот на отворот
3. Тип абразив, големина на зрно, степен или цврстина, тип
сврзувачки материјал и употреба на зајакнување, на пр.,
41A24RBF80.
41 -> тип абразивен диск, рамен диск за сечење
A -> абразивен материјал: кафеав корунд
24 -> големина на зрно
R -> степен или цврстина
BF -> тип сврзувачки материјал
80 -> максимална работна брзина м/с
4. Максимална работна брзина во метри во секунда
5. Максимална дозволена брзина на ротација во 1/мин.
6. За декларирање на сообразност, абразивните производи
мора да бидат означени со EN 12413
7. Ограничување на употребата и симболи за безбедносни
предупредувања.
8. Код за следење, на пр., број на производство/серија, рок на
траење или сериски број
МАКЕДОНСКИ
151

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières