Bosch GNF Professional 20 CA Notice Originale page 193

Rainureuse fraiseuse
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-126-003.book Page 193 Friday, August 19, 2016 1:30 PM
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745,
EN 50581 според одредбите на регулативите
2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
D-70538 Stuttgart
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Вшмукувач за прав
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Bosch Power Tools
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Цревото за вшмукување 12 (опрема) прикачете го на
млазниците за вшмукување 13. Поврзете го цревото за
вшмукување 12 со вшмукувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различни видови
вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Напомени за примена на глодалките за жлебови во ѕид
Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите
емисијата на прав за време на работата.
– Користете само комбинации на глодалки за жлебови во
ѕид и вшмукувачи од класата на прав M коишто се
препорачани Bosch. Другите комбинации може да
доведат до лошо собирање и раздвојување на правта.
– Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот
за одржување и чистење на истиот, заедно со
филтерот. Испразнете го садот за собирање прав,
веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го
филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно
вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
– Користете само црева за вшмукување препорачани од
Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга
намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за
вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш
да ги извадите од цревото за вшмукување.
Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
– Користете ја глодалката за жлебови во ѕид исклучиво за
предвидената намена.
– Користете само беспрекорни и остри алати за
вметнување. Забележително забавениот напредок во
работата е знак за истрошени алати за вметнување.
– Внимавајте на општите барања на работните места на
градилиштата.
– Погрижете се за добра вентилација.
– Овозможете слободен работен простор. При подолги
жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се
подесува одн. да се подеси навреме.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ев.ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање
на најмалку една честичка.
– За чистење на работното место употребете соодветен
вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.
Македонски | 193
1 609 92A 2PP | (19.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gnf professional 35 ca06016217030601612503

Table des Matières