Bosch GSL 2 Professional Notice Originale page 157

Masquer les pouces Voir aussi pour GSL 2 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1545-007.book Page 157 Tuesday, June 21, 2016 4:54 PM
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски, а при поголеми промени на положбата можно
е на друга висина. По повторното нивелирање, проверете
го покривањето на двете ласерски линии на референтната
точка (види „Израмнување на мерниот уред по висина",
страна 157), за да ги избегнете грешките во висина.
Израмнување на мерниот уред по висина
Мерниот уред емитира две ласерски линии, кои се
видливи на растојание од околу 50 cm пред мерниот алат
на подната површина. Линиите мора да се поклопуваат на
оваа референтна точка, на којашто првиот пат беа
видливи на подната површина. Притоа свртете го копчето
на 9 на подесувањето по висина во одн. во правец
спротивен на стрелките на часовникот, додека не се
преклопат двете ласерски линии на референтната точка и
не се види само една ласерска линија.
Доколку двете ласерски линии не може да се преклопат со
вртење на подесувањето по висина, тоа значи дека
мерниот уред е значително повисоко или пониско од
подната површина. Поставете го мерниот уред на друга
точка на подната површина со помала висинска разлика и
таму преклопете ги двете ласерски линии.
Ставање во употреба на далечинскиот
управувач (GSL 2 Set)
 Заштитете го далечинскиот управувач од влага и
директно изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте далечинскиот управувач на
екстремни температури или осцилации во
температурата. Напр. не ја оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете го далечинскиот управувач најпрво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба.
Се додека има доволно напон во батеријата, далечинскиот
управувач е подготвен за работа.
Сигналите на далечинскиот управувач треба да достигнат
до приемната леќа 4 во директен правец од напред и косо
од горе. Доколку далечинскиот управувач не може да се
насочи директно на приемната леќа, се намалува
работното подрачје. Со рефлексии на сигналот (напр. на
ѕидовите) дометот може да се подобри и при индиректен
сигнал.
Вклучувањето на мерниот уред со далечински управувач
е возможно дури по автоматското исклучување на
мерниот уред, доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 е сè уште во позиција „On".
Исклучувањето со далечински управувач не е возможно.
Процес на мерење
Рачно вртење (GSL 2)
Свртете го горниот дел на мерниот уред на местото коешто
сакате да го проверите. По вртењето почекајте, додека не
се изнивелира мерниот уред и ласерските линии не се
движат повеќе. Дури тогаш проверете дали се
преклопуваат ласерските линии.
Bosch Power Tools
Автоматско вртење (GSL 2 Set)
Свртете го горниот дел на мерниот уред со помош на
далечинскиот управувач, за да ја проверите површината.
Не е возможно рачно вртење.
Може да избирате помеѓу следниве видови на ротација:
Притиснете го копчето 19, за да стартувате брза,
континуирана ротација во правец на стрелките
на часовникот. Со одново притискање на
копчето 19 ротацијата завршува.
Притиснете го копчето 14, за да стартувате брза,
континуирана ротација во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Со одново
притискање на копчето 14 ротацијата завршува.
Притиснете го копчето 18, за да стартувате
бавна, континуирана ротација во правец на
стрелките на часовникот. Со одново
притискање на копчето 18 ротацијата завршува.
Притиснете го копчето 15, за да стартувате
бавна, континуирана ротација во правец
спротивен на стрелките на часовникот. Со
одново притискање на копчето 15 ротацијата
завршува.
Притиснете го копчето 17 за еднократна, кратка
ротација во правец на стрелките на часовникот.
За понатамошно поединечно движење,
притиснете го одново копчето 17.
Притиснете го копчето 16 за еднократна, кратка
ротација во правец спротивен на стрелките на
часовникот. За понатамошно поединечно
движење, притиснете го одново копчето 16.
Процена на резултатите од мерењето
(види слики D– G)
Двете ласерски линии покажуваат, дали површината лежи
на иста висина како и референтната точка (види
„Израмнување на мерниот уред по висина", страна 157):
– Сите точки на коишто двете ласерски линии лежат
преклопувајќи се една преку друга, се наоѓаат на иста
висина како референтната точка.
– Доколку двете ласерски линии се видливи една покрај
друга или се прекинати, тогаш висината на подната
површина на ова место отстапува од референтната
точка.
За да го измерите отстапувањето на подната површина,
поставете ја целната табла за ласерот 10 на местото
коешто треба да се провери. Свртете ја целната табла на
ласерот, така што левата ласерска линија ќе поминува
точно на левата референтна линија на целната табла на
ласерот. Поместете го горниот дел на целната табла на
ласерот нагоре одн. надолу, додека врвот 11 на целната
табла на ласерот не налегне на местото коешто треба да се
измери. На позицијата на десната ласерска линија на
целната табла на ласерот може да ја прочитате висинската
разлика помеѓу референтната точка и мерната точка во
милиметри.
Македонски | 157
1 609 92A 309 | (21.6.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsl 2 set professionalRc 2 professional

Table des Matières