Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch Universal Vac 15 Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-3012-003.book Page 126 Wednesday, September 6, 2017 3:04 PM
126 | Македонски
Исчистете го/заменете го филтерот
(види слики F1–F4)
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите 8 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 7.
– Извадете го филтерот за ткаенини 32 од филтерот 33 и
добро протресете го.
– Свртете го држачот за филтерот 34до крај во правец на
вртење „
" и извадете го заедно со филтерот 33 од
садот 1.
– Исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе.
или
Заменете го оштетениот филтер.
– Навлечете го филтерот 33 преку корпата на филтерот
35 и завртете го држачот за филтерот 34 до крај во
правец на вртење „
".
Внимавајте на тоа, отворот на филтерот 33 точно да
налегне во запците за позиционирање на корпата на
филтерот 35. Се слуша кога држачот за филтер 34 се
вклопува.
– Навлечете го филтерот за ткаенини 32 преку филтерот
33.
Внимавајте на тоа филтерот за ткаенини целосно да го
опфати 32 филтерот 33 и гумената лента да налегне во
жлебот меѓу филтерот и куќиштето.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 7 и
затворете ги затворачите 8.
Контејнер
– Избришете го контејнерот 1 одвреме-навреме со
вообичаено средство за чистење што не гребе и
оставете го да се исуши.
Чистење на трајниот филтер (види слика G)
Од време на време исчистете го трајниот филтер 36, за да
го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Отворете го капакот за издувен воздух 26 и извадете го
трајниот филтер 36.
– Исплакнете го трајниот филтер 36 под млаз вода и
потоа добро исушете го.
– Повторно вметнете го исчистениот филтер и притоа
внимавајте добро да легне. Повторно затворете го
капакот за издувен воздух.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали горниот дел на вшмукувачот 7 е правилно
поставен?
– Дали цревниот систем е запушен?
– Дали цевките за всисување 20 цврсто се вметнати една
во друга?
– Дали е полн контејнерот 1?
– Дали е полна вреќичката за прав 29?
– Дали филтрите се запушени со прав?
При прегревање всисувачот се исклучува. Постапете на
следниот начин:
– Оставете го всисувачот 60 min да се олади.
– Извлечете го приклучокот од приклучницата и
повторно вметнете го назад.
1 609 92A 43W | (6.9.17)
– Бидете сигурни, дека садот 1 и ќесата за прав 29 се
празни и дека цревото за всисување 16, филтерот 33 и
трајниот филтер 36 не се затнати.
Редовното празнење гарантира оптимална јачина на
вшмукување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Чување (види слика H)
– Ставете ги цевките за вшмукување 20 во држачите 14.
– Поставете го цревото за всисување 16 на горниот дел
за всисување во држачите 11, ставете го крајот на
цревото за всисување на еден од двата држачи 11.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
37.
– Прицврстете ги врвките за држење 38 на држачите за
кабел 37.
– Вметнете ја заоблената млазница 18 или адаптерот за
всисување 17 во држачот 15.
– Ставете ги млазниците за фуги 19 во држачот 12.
– Ставете ги подните млазници 21 во држачот 13.
– Носете го вшмукувачот само за рачката за носење 6.
– Складирајте го вшмукувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата за промена на правец 9,
притиснете ја кочницата на тркалцата 10.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот во домашната канта
за ѓубре!
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Advancedvac 20

Table des Matières