Télécharger Imprimer la page

Milwaukee C18 PCG Notice Originale page 35

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ПРЕСА ЗА КАРТУШИ
Производен број....................................................................
Сила на туркање ...................................................................
Волтажа на батеријата .........................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (1,5 Ah) ..........
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (3,0 Ah) ..........
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ............
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ................
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
......................................
h
Несигурност К........................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN
60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте го и разберете ја содржината од прирачникот
на производителот на полначот.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем C18 за полнење на
батерии од C18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
За да се намали ризикот од повреда, електричен удар и
оштетување на алатот, никогаш не го потопувајте и не
дозволувајте на навлезе течност во него.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
68
МАКЕДОНСКИ
C18 PCG
..................... 4315 81 03...
...000001-999999
.......................4500 N
...........................18 V
..........................2,3 kg
..........................2,5 kg
...........................68 dB (A)
...........................79 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пиштолот за лепење и пена се користи за нанесување
на пена или лепила од туби или најлонски пакувања. Во
случај на нејаснотии, прочитајте го упатството од
производтелот пената или лепакот.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU,
2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни
документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-11-30
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Функција против капки
Пресата за картуши поседува автоматска функција која
спречува капење. После отпуштање на копчето
прекинувач, моторот за кратко време се вклучува и на
тој начин ја растеретува погонската шипка. Тоа спречува
дополнително капнување.
Во случај на празна туба моторот кратко се вклучува за
да ја растерети погонската шипка. Потоа копчето
прекинувач да се отпушти и да се замени тубата.
Преоптоварување
Онолку долго колку што е притиснато копчето
прекинувач, машината зголемува притисок. Доколку и
покрај тоа не излегува никаков материјал, осигурајте се
дека:
Врвот на дизната е пресечен.
Картушата дихтува.
Стврднат материјал е отстранет од дизната
Картушата не е оштетена или замрзната
Погонската шипка нема маса за дихтување или лепило.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! Санката и погонската шипка мора да се
чисти и без маса за дихтување и лепило. Ако има
нечистотии тие да се отстранат во склад со препораките
на производителот на маса за дихтување/лепило.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од
струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
69

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

C18 pcg/600t-201b