2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
• Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната моќност
на мрежата на електрична енергија.
• Ако апаратот се приклучува со
продолжен кабел, проверете дали
кабелот е заземјен.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го заменат
оштетениот кабел за струја.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда, изгореници и
струен удар или експлозија.
• Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
• Не го оставајте апаратот да работи без
надзор.
• Не ја притискајте отворената врата.
• Погрижете се отворите за вентилација
да не бидат блокирани.
• Не користете го апаратот како работна
површина и не користете ја
внатрешноста за складирање.
2.4 Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда, пожар или
оштетување на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и извадете го приклучокот за
струја од главниот штекер.
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Не дозволувајте истурена храна или
остатоци од средства за чистење да се
насоберат на површините за заптивање
на вратата.
• Мрснотиите и остатоците од храна во
апаратот може да предизвикаат пожар
или електрично искрење кога работи
микробрановата функција.
• Чистете го апаратот со влажна мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за рерна,
почитувајте ги безбедносните упатства
на пакувањето.
2.5 Сервис
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот сервисен
центар. Користете само оригинални
резервни делови.
• Во однос на светилите во внатрешноста
на овој производ и резервните светилки
што се продаваат посебно: Овие
светилки се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што се
температура, вибрации, влажност или
се предвидени за давање сигнали за
работната состојба на апаратот. Тие не
се предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување
простории во домот.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од напојувањето.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
МАКЕДОНСКИ
239