Ставање Во Употреба - Bosch GFZ 16-35 AC Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GFZ 16-35 AC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
всисување (8). Повлечете ги млазниците за всисување
од запците (10) и извадете ги наназад.
Најпрво ставете го сечилото за пила, чијшто зафаќач (17)
е поблизу до моторот.
Напомена: Зафаќачите на сечилата за пила (17) стојат во
различна позиција по секое исклучување. Сликите
покажуваат произволна позиција.
Натписот на сечилото на пилата мора секогаш да
u
покажува нанадвор и да биде усогласен со бојата
на зафаќачот на сечилото за пила.
Притиснете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за
пила (9) и држете го притиснато. На тој начин ќе се
повлече чивијата за заклучување (18) а сечилата за пила
ќе може да се закачат.
Закачето го сечилото за пила што одговара (12) во
зафаќачот на сечилата за пила (17), којшто е најблиску
до моторот ➊. Навалете го сечилото за пила во водилката
за сечилото за пила (19) и оставете го врвот на сечилото
за пила да се вклопи во процепот на мечот (1).
Закачете го второто сечило за пила во слободниот
зафаќач на сечилата за пила (17) ➋. Навалете го
сечилото за пила во водилката за сечилото за пила (19).
Отпуштете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за
пила (9).
Притиснете од горната страна на второто сечило за
пила (12), додека врвот на сечилото за пила не се вклопи
во процепот на мечот (1).
Проверете дали сечилата за пилата се цврсто
u
поставени. Лабаво поставениот лист за пила може да
испадне и да Ве повреди.
Поставете го штитникот (11) на сечилата за пила (12).
Вадење на сечилата за пила (види слики I–J)
Притиснете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за
пила (9). Извлечете ги двете сечила за пила (12)
истовремено на висина на зафаќачот (17) од водилката
за сечила за пила (19) ➊.
Притиснете ги сечилата за пила (12) еден од друг по
должина ➋ и извлечете ги едноподруго од
водилката (19) ➌. Доколку ги извлечете истовремено ќе
се заглават.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Bosch Power Tools
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика F)
Закачете ги млазниците за всисување (8) под
дршката (6) на куќиштето и оставете го да се вклопи на
запците за заклучување (10).
Цврсто прикачете црево за всисување (7) (дијаметар
35 mm, дополнителна опрема) на млазниците за
всисување (8). Поврзете го цревото за всисување (7) со
всисувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За време на вклучувањето листовите за пилата не
u
смеат да налегнуваат ниту да допираат нешто.
За вклучување на електричниот алат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување  (4) надесно или
налево. Потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (3) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
1–2: низок број на работни одови
3–4: среден број на работни одови
5–6: висок број на работни одови
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Македонски | 125
1 609 92A 4YJ | (13.06.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières