Bosch AdvancedGrind 18 Notice Originale page 221

Masquer les pouces Voir aussi pour AdvancedGrind 18:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-2850-004.book Page 221 Friday, November 24, 2017 11:44 AM
Подесување на заштитната хауба:
Вртете ја заштитната хауба 11 само во правец на стрелките
на часовникот во потребната работна позиција.
Затегнувачкиот лост 1 автоматски ја прицврстува
заштитната хауба во оваа работна позиција.
 Поставете ја заштитната хауба 11 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 11
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Демонтирање на заштитната хауба:
Свртете ја заштитната хауба 11 така што четирите жлебови
ќе се вметнат во лежиштето на лагерот (види слика B) и
извадете ја заштитната хауба.
Заштитна хауба за сечење
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
12.
Заштитната хауба за сечење 12 се монтира како заштитна
хауба 11 за брусење.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 8.
Зашрафете ја дополнителната дршка 8 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 19 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 18.
Зацврстете ја заштитата за дланки 18 со дополнителната
дршка 8.
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 10 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 2, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Bosch Power Tools
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
 Монтирајте ги брусните плочи и дисковите за
сечење само со брзозатезна навртка 17.
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење 9 на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Во приклучната прирабница 13
околу централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен).
Доколку недостига O-прстенот
или е оштетен, приклучната
прирабница 13 мора да се замени
пред понатамошна употреба.
Прицврстете ја брусната плоча/дискот за сечење без алат
со брзозатезната навртка 17.
Преклопете го нагоре држачот на
брзозатезната навртка 17 и
навртете ја 17 на блокираното
вретено.
Цврсто затегнете ја брзозатезната
навртка 17 со рака.
Преклопете го надолу држачот за
фиксирање на брзозатезната
навртка 17.
За олабавување на брусната
плоча/дискот за сечење
преклопете го нагоре држачот на
брзозатезната навртка 17.
Одвртете ја брзозатезната навртка
17 од блокираното вретено.
 По монтажата на алатот за брусење, пред вклучу-
вањето проверете дали држачот на брзозатезната
навртка 17 е преклопен надолу.
 По монтажата на брусниот апарат, пред вклучу-
вањето, проверете дали брусниот апарат е точно
монтиран и дали може слободно да се врти. Про-
верете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
 При работата со ламелеста брусна плоча во вид на ле-
пеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки 18.
Македонски | 221
1 609 92A 47W | (24.11.17)

Publicité

Chapitres

Table des Matières
loading

Table des Matières