Télécharger Imprimer la page

Stiga MP1 500 Li D48 Serie MP1 550 Li D48 Serie Manuel D'utilisation page 244

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 166
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• По можност покриена со прекривка.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите
и опремата што ја користевте при
одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна
сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг
период, полнете го акумулаторот секои два
месеца за да ѝ се продолжи рокот на траење.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
– Застанете ја машината (пас. 6.5).
– Извадете го безбедносниот клуч.
– Проверете дали сите подвижни
делови се целосно запрени.
– Носете заштитни ракавици.
– Фатете ја машината на места кои нудат
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината
тежина и распределба на истата.
– Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на средството за транспорт или за местото
на кое треба да се донесе или земе истата.
– Проверете дали кога работи машината,
нема знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило
или на приколка, секогаш:
– Користете пречки за отпор со
соодветна должина и ширина.
– Носете ја машината со изгаснат
мотор без можност да се вклучи,
ангажирајќи соодветен број лица.
– Спуштете го склопот на сечилото.
– Поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого.
– Цврсто блокирајте ја во текот на
транспортот со јажиња или синџири
за да избегнете превртување.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКИ
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции и одржувања на косилката што
не се дадени во ова упатство треба да се извршат
од страна на Дилерот или Овластениот сервисен
центар, бидејќи имаат големо познавање и ракуваат
со потребната опрема за правилно извршување
на работата, земајќи го предвид соодветниот
степен на безбедност и состојбата на косилката.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани лица
придонесуваат да се прекине важноста на
гаранција и обврските на Производителот.
• Одржувањата и поправките под гаранција смее
да ги врши само Овластениот сервисен центар.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната опрема
коишто не се одобрени; употребата на резервни
делови и дополнителна опрема коишто не се
оригинални ја нарушуваат безбедноста на
машината и го ослободуваат Производителот
од секоја обврска или одговорност.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите во гаранцијата се наменети
исклучиво за потрошувачи, односно
оператори, а не професионалци.
Гаранцијата ги покрива сите дефекти на квалитетот
на материјалите и на изработката коишто настанале
во текот на периодот на гаранцијата од страна на
давателот или од страна на специјализиран центар.
Примената на гаранцијата е ограничува на
поправка или замена на дефектниот дел.
Се препорачува да ја носите косилката една
годишно во Овластениот сервисен центар за
сервисирање и безбедносна проверка.
Примената на гаранцијата зависи од
редовното одржување на машината.
Корисникот треба внимателно да ги
следи сите упатства кои се дадени до
приложената документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите настанати кога:
• Недоволно информирање од приложената
документација (Упатство за корисникот).
• Ја користите за професионални работи.
• Има невнимание, занемарување.
• Има надворешна причина (грмотевици, удари,
присуство на страни тела во внатрешноста
на машината) или инциденти.
• Употребата и монтирањето не се правилни
и не ги извршил производителот.
• Има нередовно одржување.
• Машината е изменета.
• Се користат резервни делови коишто не се
оригинални (дополнителни делови).
• Се користи дополнителна опрема која не е
одобрена ниту доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива:
• Операции за редовно/вонредно одржување
(опишани во упатството за работа).
• Нормално абење на потрошните материјали како
што се, погонските каиши, сечилата, предните
светла, тркалата, безбедносни завртки и жиците.
• Нормално абење.
• Естетско вложување на машината
заради употребата.
• Потпори на уредите со сечивото.
• Дополнителните трошоци што може да
повлече активирање на гаранцијата како што
е пренос на корисникот (превоз на машината
кај застапникот, изнајмување на опрема за
замена или повикување на друга компанија
за сите работи околу одржувањето).
Корисникот е заштитен со соодветните
државни закони. Правата на корисникот кои
се предвидени во дадените државни закони на
ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.
MK - 11

Publicité

loading