Télécharger Imprimer la page

Stiga MP1 500 Li D48 Serie MP1 550 Li D48 Serie Manuel D'utilisation page 239

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 166
3.
Исклучување на сечилата. Кога
сечилата се вклучени, отпуштете
ја рачката за операторот(Сл.6.A);
сечилата запираат, но машината
продолжува да работи.
5.4
РАЧКА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ
Рачката за ВКЛУЧУВАЊЕ го активира движењето
на тркалата и овозможува движење на
машината нанапред. Се наоѓа зад рачката.
Активирана сила на влечење.
За стартување, придвижете ја
рачката за ВКЛУЧУВАЊЕ кон
другата рачката (Сл. 6.B).
Може да ја регулирате брзината на движење
со помош на копчето за избор (сл.7.С).
Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина.
Максимална брзина (околу 5 км/ч).
1.
Минимална брзина (околу 2,5 км/ч).
2.
ЗАБЕЛЕШКА Последното избрано ниво на
брзина останува и по исклучување на машината.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на преносот, избегнувајте да ја влечете
машината назад со вклучен погон.
5.5
КОПЧЕ „ЕКО"
Функцијата „ЕКО" овозможува заштеда на
енергија во текот на косењето на тревата и
оптимална автономија на батеријата.
Притиснете го копчето (сл.7.D) за да ја активирате
или дезактивирате функцијата „Еко".
Откако ќе ја вклучите машината, соодветното
LED ќе се вклучи на екранот.
Оваа функција автоматски се исклучува кога
ќе се отпушти рачката за операторот.
ЗАБЕЛЕШКА Употребата на функцијата „ЕКО"
не се препорачува во услови на отежнато косење
(косење на густа, висока или мокра трева).
5.6
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата
може да се коси на различни висини.
Извршете ја оваа операцијата кога сечилото е
во мирување.
Регулацијата на висината на косење се изведува
со помош на соодветната рачка (сл.8.A) којашто ја
подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
5.7
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РАЧКАТА (сл.9-10)
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Правилата за безбедност што треба да
се почитуваат се опишани во погл. 2. Строго
придржувајте се до упатствата за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност:
Уверете се дека безбедносниот клуч
не е вметнат во клучалката.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
6.1.1
Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат
по купувањето, оставете батеријата да
се наполни до крај согласно насоките
дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата
на полначот за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.1.2
Подготовка на машината пред
започнување со работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина може да се
користи за косење трева на различни начини;
пред стартување, подгответе ја машина врз
основа на начинот на косење на тревникот.
a.
Подготовка за косење трева и
собирање во корпата за трева:
1.
Подигнете го обезбедувачот за задно исфрлање
(Сл.11.A) и правилно прикачете ја корпата за трева
(Сл.11.B), како што е прикажано на сликата.
2.
За модели со странично исфрлање:
проверете дали обезбедувачот за странично
исфрлање (Сл.12.B) е спуштен.
b.
Подготовка за косење трева и
задно исфрлање на земја:
3.
Извадете ја корпата за трева и проверете
дали обезбедувачот за задно исфрлање
(Сл.12.A) е стабилен во спуштена позиција.
4.
За модели со странично исфрлање:
проверете дали обезбедувачот за странично
исфрлање (Сл.12.B) е спуштен.
c.
Подготовка за косење трева и
кастрење (функција на мулчирање):
Подигнете го обезбедувачот за задно
1.
исфрлање (Сл.13.A) и вметнете го капакот за
каналот (Сл.13.B) во отворот за исфрлање,
оставајќи го малку навален на десно.
2.
Прицврстете го со вметнување на двата
клина (Сл.13.C) во соодветните отвори
додека не се закочи куката (Сл.13.D).
3.
За модели со странично исфрлање:
проверете дали обезбедувачот за странично
исфрлање (Сл.12.B) е спуштен.
MK - 6

Publicité

loading