Bosch GIS 1000 C Professional Notice Originale page 289

Masquer les pouces Voir aussi pour GIS 1000 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
мерење (4) не мора да биде притиснато за мерењето во
овој режим и ласерите се деактивираат. Почекајте
сигурен резултат, одн. додека измерената вредност не
престане да се менува. Во зависност од конструкцијата
на термоелементот, ова може да потрае неколку минути.
Контактната температура може исто така да се измери во
секој режим дополнително кон температурата на
површината. Потоа, мерната вредност се прикажува на
друго место (s). За одредување на топлинските мостови
и опасноста од мувла секогаш ќе се користи
температурата на површината (n).
Доколку се извади термоелементот, се гаси
функционалниот приказ (s) од екранот. По вадењето на
термоелементот, повторно затворете го поклопецот (1).
Кориснички режим
Во корисничкиот режим се мерат температурите на
површината и околната температура како и релативната
влажност на воздухот. Од нив се пресметуваат
температурата на точката на росење, како и просечната
температура (средна вредност на температурите на
површината за време на мерењето).
По потреба можете да ги затскриете следните вредности
на приказот: Просечна температура, релативна влажност
на воздухот, околна температура и температура на
точката на росење.
За да го направите тоа, во <Глав.мени> отворете на
(види „Навигирање во <Глав.мени>", Страница 290).
Изберете го подменито <Кориснички режим>. Овде
може да ги вклучите и исклучите приказите <Просечна
температура>, <Влажност на возд.>, <Собна
температура> и <Точ.на росење>.
За мерење на температурата на површини може да
изберете дали минималната и максималната вредност (j)
на скалата со резултати (k) треба автоматски да се
прилагодат или рачно да се утврдат. Одете во
менито <Кориснички режим> во подменито <Опсег на
скала>.
– Изберете <auto>, доколку вредностите (j) треба
автоматски да се одредат како во режимот за
температура на површината. Минималната и
максималната вредност на температурата на мерниот
процес се појавуваат на приказот (j), доколку
разликата на измерените вредности е поголема од
3 °C.
– Изберете <станд.поставка>, за да ги утврдите рачно
вредностите. Поставете ги саканите вредности во
менито <Кориснички режим>
под <Скала:Дол.гран.> и <Скала:Гор.гран.>. На
приказот (j) се појавуваат рачно поставената
минимална и максимална вредност. Притоа, може да
споредувате, на пр., кадри од екранот од различни
мерења со помош на ознаката (p).
Аларм за температурата на површината
Алармот за температура на површината може да се
користи во сите режими освен мерење на контактната
Bosch Power Tools
температура. Можете да утврдите минимална и
максимална температура.
Доколку се пречекори минималната температура
приказот за аларм за температурата (m) трепка сино и
доколку е вклучен сигналниот тон, се слуша сигнал за
предупредување.
Доколку се пречекори максималната температура
приказот за аларм за температурата (m) трепка црвено и
доколку е вклучен сигналниот тон, се слуша сигнал за
предупредување.
За да го користите алармот за температурата на
површината, во <Глав.мени> отворете на (види
„Навигирање во <Глав.мени>", Страница 290).
– Изберете го подменито <Аларм>.
– Поставете го <Аларм мин/макс> на <вкл.>.
– Во <Аларм мин.> поставете ја минималната
температура.
– Во <Аларм макс.> поставете ја максималната
температура.
Минималната и максималната температура ќе се зачуваат
и доколку го поставите алармот на <искл.>.
Пренос на податоци
Зачувување/прикажување/испраќање на измерените
резултати
По завршувањето на мерењето, на екранот се појавува
ознаката за зачувување како показател дека може да ги
зачувате измерените резултати. Притиснете на копчето
за зачувување/испраќање (9).
Измерените резултати ќе се зачуваат како JPG-датотеки
(кадар на фиксираниот екран).
– За прикажување на зачуваните кадри од
екранот, притиснете на левото функциско
копче (17) на ознаката за галерија (q). На
екранот се појавува последната зачувана
фотографија.
– Притиснете на копчињата со стрелки
десно (11) или лево (15), за да менувате
низ зачуваните кадри од екранот.
– За испраќање на прикажаниот измерен
резултат преку Bluetooth® притиснете на
копчето за зачувување/испраќање (9).
Доколку Bluetooth® врската сè уште не е
вклучена (види „Пренос на податоци
преку Bluetooth®", Страница 290), таа ќе
се активира со притискање на копчето за
зачувување/испраќање.
– За бришење на прикажаните кадри од
екранот, притиснете на десното
функциско копче (10) на ознаката на
кантата за отпадоци.
– За да го потврдите процесот на бришење,
притиснете на левото функциско
копче (17) на ознаката за штиклирање.
Македонски | 289
1 609 92A 4X3 | (03.11.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières