Bosch GIS 1000 C Professional Notice Originale page 286

Masquer les pouces Voir aussi pour GIS 1000 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
286 | Македонски
Вклучување/исклучување
Извадете го заштитното капаче (21) од приемната леќа за
инфрацрвена светлина (23) и заштитното капаче (19) од
сензорот за влажност на воздухот и околната
температура (5). За време на работењето внимавајте
камерата (22), приемната леќа (23) и сензорот (5) да
не се затворени, одн. покриени, инаку нема да се
изврши прецизно мерење.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (12) или копчето
Мерење (4). На екранот (18) се појавува стартна
секвенца. По стартната секвенца мерниот уред се наоѓа
во режимот на работа којшто е зачуван при последното
исклучување. Ласерите сè уште не се вклучени.
Исклучиво при првото ставање во употреба, по стартната
секвенца, дополнително се појавува менито <Уред>, во
кое може да ги утврдите поставките на мерниот уред како
на пр., јазикот на сите прикази (види „Подмени <Уред>",
Страница 291). Потврдете ги избраните поставки со
притискање на десното функциско копче (10). Сите
поставки може дополнително да се променат во
подменито <Уред>.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Јачината на осветлувањето на екранот, при фабричка
поставка од 30 s, ќе се намалува по секое притискање на
копчето заради заштеда на енергија. При притискање на
некое од копчињата, осветлувањето на екранот ќе се
вклучи со полна јачина. Во менито <Времетр.на свет.>
може да го промените ова време на осветлување (види
„<Времетр.на свет.>", Страница 291).
За исклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (12). Мерниот уред го
зачувува моменталниот режим на работа како и
поставките и потоа се исклучува. Повторно поставете го
заштитното капаче (21) на приемната леќа (23) и
заштитното капаче (19) на сензорот за влажност на
воздухот и околната температура (5).
Не го исклучувајте мерниот уред со вадење на
акумулаторот одн. батерискиот адаптер, бидејќи може да
се оштети внатрешната меморија.
Во главното мени може да поставите дали и по колку
време автоматски ќе се исклучи мерниот уред без
притискање на копчиња/мерење (види „<Време на
исклуч.>", Страница 291). И при автоматско
исклучување ќе се зачуваат моменталниот режим на
работа како и поставките.
Доколку батеријата или мерниот уред се наоѓаат надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува
по кратко предупредување (види „Дефект – причини и
помош", Страница 292). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
1 609 92A 4X3 | (03.11.2020)
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
За одредување на температурата на површината, ќе се
измери бесконтактно природното инфрацрвено
топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект.
За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на
мерниот уред да се провери пред секое мерење и
доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Претходно поставените степени на емисии во мерниот
уред се стандардни вредности.
Може да изберете еден од претходно поставените
степени на емисија или да ја внесете точната бројна
вредност. Поставете го саканиот степен на емисија преку
менито <Мерење> → <Степен на емисија> (види
„<Глав.мени>", Страница 290).
Точни мерења на температурата се можни само
u
доколку поставениот степен на емисија и степенот
на емисија на објектот се совпаѓаат, и се постави
правилната рефлектирачка температура. Објектите
може да бидат прикажани при превисока или
прениска температура, што може да доведе до
опасност при контакти.
Колку е понизок степенот на емисија, толку е повисоко
влијанието на рефлетирачката температура на мерниот
резултат. Затоа, секогаш прилагодете ја рефлектирачката
температура при промена на степенот на емисија.
Поставете ја рефлектирачката температура преку менито
<Мерење> → <Рефл. темп.> (види „<Глав.мени>",
Страница 290).
Доколку се наоѓаат повеќе мерни објекти со различни
степени на емисии во мерната површина означена со
ласерот, мерењето на температурата може да биде
погрешно.
Мерна површина при мерења на температурата на
површини
Ласерските точки генерирани од мерниот уред ја
ограничуваат кружната мерна површина однадвор.
Прикажаната мерна вредност на температурата ја
покажува просечната температура на површината на
оваа област.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Растојанието на ласерските точки и со тоа големината на
мерната површина се зголемуваат со растојанието
помеѓу мерниот уред и мерниот објект.
Доколку ласерските точки не се доволно препознатливи,
може да ги вклучите <Мерни рамки> (b) на екранот
(види „<Мерни рамки>", Страница 291). Мерните рамки
може да се користат како индикатор за мерната
површина и служат за подобра ориентација. Во зависност
од измереното растојание, мерните рамки може да
отстапуваат од мерната површина. Подрачјето коешто се
наоѓа помеѓу ласерските точки е одлучувачко за
мерењето.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières