Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GDR 12V-110 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GDR 12V-110:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
GDS 12V-115: (види сликаC)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (16) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (16) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам. Работната постапка се дели во две фази:
Одвртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на завртките и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на завртки и
навртки, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (8) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(10) и држете го притиснат.
Светлото (3) свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) е половично или целосно притиснат и
Bosch Power Tools
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со копчето (6) може претходно да го изберете
потребниот број на вртежи/удари во 2 степени.
Притискајте го копчето (6), додека не сигнализира
саканата поставка на приказот за број на вртежи (5).
Избраната поставка е зачувана.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Вклучување/исклучување на светилката „PowerLight"
За активирање на светилката (3) притиснете го копчето
(4). За да ја исклучите светилката (3)повторно
притиснете го копчето (4).
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (11) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (10) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
LED-светилки
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати
Македонски | 155
Капацитет
≥ 2/3
≥ 1/3
< 1/3
Резерва
1 609 92A 4JJ | (03.09.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gds 12v-115

Table des Matières