Ставање Во Употреба - Bosch EasyDrill 12 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour EasyDrill 12:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
148 | Македонски
Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е
u
прилагоден на вградената литиум-јонска батерија во
Вашиот електричен алат.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа
додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Процесот на полнење започнува штом се стави струјниот
приклучок на полначот во ѕидната дозна и истиот (9) се
вметне во конекторот (10) на долната страна на рачката.
Приказот за наполнетост на батеријата (6) го прикажува
напредокот на полнењето. За време на процесот на
полнење, приказот трепка зелено. Доколку приказот за
наполнетост на батеријата свети (6) непрекинато
зелено, батеријата е целосно наполнета.
Доколку не го употребувате, извадете го приклучокот за
мрежа од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на
процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не
функционира за време на процесот на полнење.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Промена на алат (види слика B)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна
позиција. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
1 609 92A 4Y6 | (12.09.2019)
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (1) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋, додека не слушнете како
кликнува. Со тоа, главата за дупчење автоматски се
заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (4)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (4) налево до крај.
Приказот за правец на вртење со десен тек (2)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) и доколку
моторот работи.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (4) на десно до крај.
Приказот за правец на вртење со лев тек (3)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) и доколку
моторот работи.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières