Совети При Работењето - Bosch GOP 18V-28 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GOP 18V-28 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-2789-002.book Page 229 Thursday, June 30, 2016 9:37 AM
Напомена: Доколку електричниот апарат автоматски се
исклучи поради испразнета или прегреана батерија, тогаш
исклучете го со прекинувачот за вклучување/исклучу-
вање 1. Наполнете ја батеријата одн. оставете го
електричниот апарат да се излади, пред повторно да го
вклучите. Инаку батеријата може да се оштети.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 4 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација 2 на
електричниот апарат за време на работата, инаку се
намалува рокот на употреба на електричниот апарат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000 пати по минута 2,8°. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работниот учинок ќе се влоши и
алатот што се вметнува може да се
блокира.
За време на работата движете го
електричниот апарат напред-назад, за да
не се загрее премногу алатот што се
вметнува и да не се блокира.
Сечење
 Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
 Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални
листови за сечење.
Bosch Power Tools
Сечење
Напомена: При сечењето на ѕидни плочки внимавајте на
тоа дека електричните апарати се изабуваат по
долготрајна употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
За прецизно брусење на ќошеви, рабови и тешко
достапни места може да работите со врвот или еден раб од
основната брусна плоча.
При селективно брусење брусниот лист може многу да се
затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на
површината и оставајте го брусниот лист да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
При брусењето секогаш приклучете го вшмукувачот за
прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на
осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и
намален притисок на површината. Инаку стругачот може
да ја исече подлогата.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Македонски | 229
1 609 92A 3BT | (30.6.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières