Bosch GKS 18 V-LI Professional Notice Originale page 188

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 18 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-755-005.book Page 188 Tuesday, February 3, 2015 11:32 AM
188 | Македонски
Ознаки за сечење
45°
Ознаката за сечење 0° 9 ја прикажува позицијата на листот
од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење
45° 10 ја прикажува позицијата на листот од пилата при
45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија 3 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете
ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 1 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Кочница за исфрлување од брзина
Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува
вибрирањето на листот за пилата по исклучување на
електричниот апарат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
1 609 92A 14R | (3.2.15)
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
45°
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 8 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слика G)
Со помош на шината водилка 33 може да правите
праволиниски резови.
Напомена: Користете ја шината водилка 33 само за
правоаголни резови. При сечење со закосување може да
се оштети шината водилка 33.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање
на електричниот апарат.
Поставете ја тркалезната пила директно на шината-
водилка 33. Прицврстете ја шината-водилка 33 со
соодветни затегнувачки механизми, на пр. столарски
стеги, на делот што се обработува, така што тесниот крак
на шината водилка 33 ќе покажува кон листот на пилата.
Шината водилка 33 не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
Вклучете го електричниот апарати водете го рамномерно
со лесен притисок во правецот на сечење.
Со делот за сврзување 34 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières