Bosch GKS 18 V-LI Professional Notice Originale page 187

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 18 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-755-005.book Page 187 Tuesday, February 3, 2015 11:32 AM
– Извадете ја стезната прирабница 21 и листот за пилата
20 од вретеното на пилата 18.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 20 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 7 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 20 на приклучната
прирабница 19. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба со повратен механизам 7.
– Поставете ја стезната прирабница 21 и зашрафете го
затезниот шраф 22 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 19 и стезната прирабница 21.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 14 и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава 16 затегнете ја
затегнувачката завртка 22 во правец на вртење .
Затегнувачкиот момент треба да изнесува 6–9 Nm, а
тоа одговара на ¼ рачни вртења или 3 цртки на ознаката
23 на заштитната хауба 4.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– За да постигнете висок степен на вшмукување на
прав, користете го вшмукувачот GAS 25/GAS 50/
GAS 50 M за дрво или GAS 50 MS за дрво и/или
минерална прав заедно со овој електричен апарат.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Прицврстете го адаптерот за вшмукување 26 со шрафот
за прицврстување 25 на основната плоча 6.
На адаптерот за вшмукување 26 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 мм.
Bosch Power Tools
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 26 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 27 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 29. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 6, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 6.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
29.
Затезната сила на затезниот лост 29 може дополнително
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 29 и
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 4.
Отшрафете ја пеперутка-завртката 11. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 13. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката
11.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 28.
Македонски | 187
1 609 92A 14R | (3.2.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières