Bosch GKS Professional 65 Notice Originale page 176

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS Professional 65:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-359-004.book Page 176 Friday, April 12, 2013 10:04 AM
176 | Македонски
При сечење на профили, секогаш започнувајте со сечење
на потесната страна, кај U-профили не почнувајте на
отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за да
избегнете заглавување на листот од пилата и повратен
удар на електричниот апарат.
Сечење на лесни градежни материјали (материјали со
минерални состојки) (GKS 65 GCE)
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Лесните градежни материјали може да се обработуваат
само со сечење на суво и со вшмукување на прав.
Секогаш работете со шина водилка 30 (опрема).
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 11 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Одвртете ја пеперутка завртката 7 и турнете ја скалата на
паралелниот граничник 11 низ отворот на основната
плоча 13. Поставете ја саканата ширина на сечење како
вредност на скалата на соодветната ознака за сечење 9
одн. 10, видете во делот „Ознаки за сечење". Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката 7.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (GKS 65 G/GKS 65 GCE)
(види слика F)
Со помош на шината водилка 30 може да правите
праволиниски резови.
Гумениот раб на шината водилка служи како заштита до
кинење, што го спречува кинењето на површината при
сечење на дрвени материјали. Затоа листот на пилата со
запците мора да лежи директно на гумениот раб.
Пред првото сечење гумениот раб мора да се подеси со
шината водилка 30 на кружната пила што се користи.
Притоа, поставете ја шината водилка 30 со целата
должина на делот што се обработува. Поставете
длабочина на сечење од околу 9 мм и правоаголен
искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја
рамномерно со лесно поместување во правец на резот.
Со делот за сврзување 31 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
1 609 92A 089 | (12.4.13)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks professional 65 gGks professional 65 gce

Table des Matières