Bosch PCM 8 S Notice Originale page 256

Masquer les pouces Voir aussi pour PCM 8 S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 36
256 | Македонски
– Ставете ги кратките профили на глава (B) од надвор на
долгите профили на глава (A) (отворите нагоре) и
прицврстете ги со подножјето. Внимавајте да се
израмнат отворите на двата дела на главата.
– Ставете ги лимените подлоги (i) до крај на кратките
профили на глава (B). Внимавајте на тоа отворите на
лимената подлога и главата да бидат рамни.
– Вметнете по една запорна завртка (g) низ
четириаголната дупка на лимената подлога (i) и
профилот на главата (B). Лабаво осигурете ги
запорните завртки со навртки со прирабница (h).
– Затегнете ги сите навртки со прирабници (h) со
прстенест или вилушкаст клуч (12 mm).
– Ставете го електричниот алат на лимените подлоги (i).
Внимавајте да се израмнат отворите (9) на
електричниот алат со отворите на лимените подлоги и
делот на главата.
– Прицврстете го електричниот алат со подножјето со
помош на завртките за прицврстување (j), подлошките
(k) и навртките со прирабница (h).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика E)
– Ставете ја ќесата за прав (23) на исфрлувачот на
струготини (29).
1 609 92A 4DT | (06.12.2018)
За време на сечењето, ќесата за прав никогаш не треба
да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (29) може
да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (29).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
G1−G4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(43) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (38) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (37), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (37) и
одвртете ја завртката (43) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (44).
– Притиснете на рачката (3) и навалете го
осцилаторниот заштитен капак (5) наназад до крај.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (26).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pcm 800 sPcm 8st

Table des Matières