Bosch ART 30-36 LI Notice Originale page 209

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-1929-001.book Page 209 Thursday, May 8, 2014 9:38 AM
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна машината престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: Машината повеќе не работи.
Не притискајте го копчето за
ВНИМАНИЕ
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Брзо полнење
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
Брзото полнење се сигнализира со трепкање на зелениот
лед сигнал.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на
полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго
и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета,
доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу
5 минути откако ќе се наполни целосно батеријата, трите
зелени LED светла повторно се гасат.
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види ги «Техничките
податоци».
Батеријата е полна
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
Постојано светење на зелениот лед сигнал
сигнализира дека батеријата е сосем полна.
Потоа за времетраење од околу. 2 секунди се огласува
сигнал, кој акустично ја сигнализира целосната
наполнетост на батеријата.
Конечно батеријата може веднаш да се употреби.
Bosch Power Tools
Доколку батеријата не е во полначот, постојаното светење
на зелениот лед сигнал, сигнализира дека полнашот е
вклучен во утикач и дека е спремен за употреба.
Температура на батеријата под 0 °C или над
45 °C
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
Постојано светење на црвениот лед сигнал сигнализира
дека температурата на батеријата не е меѓу 0 °C и – 45 °C.
Штом се постигне дозволената температура, полначот
автоматски ќе почне со брзо полнење.
Ако температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег, при вметнување на батеријата во полначот
светнува црвеното светло.
Не е возможен процес на полнење
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
Ако постои некаква грешка при полнењето, трепка
црвениот лед сигнал.
Полењето на батеријата не може да почне и батеријата не
може да се полни (види во делот «Отстранување на
грешки»).
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира
температурата на вметнатата батерија. Доколку
температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот ќе
ја излади батеријата додека не ја достигне температурата
на полнење. Вклучениот вентилатор создава звук на
проветрување.
Доколку вентилаторот не работи, температурата на
батеријата е во оптималните граници на температура на
полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се
продолжува времето на полнење на батеријата.
Македонски | 209
F 016 L70 973 | (8.5.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières