Bosch GWS 10,8-76 V-EC Professional Notice Originale page 186

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 10,8-76 V-EC Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2534-002.book Page 186 Tuesday, June 28, 2016 3:48 PM
186 | Македонски
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Електричниот апарат не го користете со пулт за
сечење.
Доколку електричниот апарат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
апарат. Одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3, за да може повторно да го
користите електричниот апарат.
Грубо брусење
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за
грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Сечење на метал
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 10.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете во
агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен
правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
 Носете маска за заштита од прав.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете
ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен
од при највисок број на вртежи, за да се олади.
1 609 92A 3B3 | (28.6.16)
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. Пред
почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар,
архитект или надлежните градежни раководители за да се
советувате.
Напомени за оптимално користење на батериите
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме
наведете го 10-цифрениот број од спецификационата
плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот
за опасни материјали. Батериите може да се
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières