Bosch GKF 550 Professional Notice Originale page 127

Masquer les pouces Voir aussi pour GKF 550 Professional:
Table des Matières

Publicité

нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Замена на алатот
При ставање и менување на глодалката се
u
препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Демонтирање на корпата на глодалката (види слика A)
Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја
извадите корпата на глодалката (2) од погонската
единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата на
глодалката (2).
Извлечете ја погонската единица нагоре.
Замена на затегнувачката чаура (види слика B)
Во зависност од употребената глодалка, пред да ја
ставите истата, мора да ја замените навртката за
осигурување со затегнувачката чаура (7).
Доколку веќе сте монтирале затегнувачка чаура за алатот
за глодање, следете ги работните чекори во следниот
дел.
Затегнувачката чаура (13) мора да влезе во навртката за
осигурување со малку маневрирање. Навртката за
осигурување (7) треба да може лесно да се монтира.
Доколку навртката за осигурување или затегнувачката
чаура се оштетени, веднаш заменете ги.
Ставете го вилушкастиот клуч (15) на прифатот на
алатот (14) (види слика C1).
Одвртете ја навртката за осигурување (7) во правец
спротивен на стрелките на часовникот со вилушкаст
клуч (16).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги
сите монтажни делови со мека четка или со издувување
со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за
алат (14).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
u
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Bosch Power Tools
Вметнување на глодалка (види слики C1– C2)
Според примената, глодалките се расположливи во
најразлични изведби и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
Монтирање на корпата на глодалката (види слика A)
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на
глодалката (2) повторно на погонската единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата на
глодалката (2).
Ставете ја погонската единица (1) во корпата за
глодање (2).
Затворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата за
глодање (2).
По монтажата секогаш проверете, дали погонската
u
единица лежи цврсто во корпата на глодалката.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Македонски | 127
1 609 92A 5JF | (14.01.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières