Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GGS 8 CE Professional Mode D'emploi

Masquer les pouces Voir aussi pour GGS 8 CE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
OBJ_BUCH-1269-005.book Page 149 Wednesday, June 18, 2014 2:52 PM
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со
соодветните мерки за предупредување, како што е
опишано подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила. Со
преземањето на потребните мерки корисникот може да
ја совлада силата од повратен удар.
 Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
 Не користете назабени листови за пила. Таквите
алати за вметнување честопати предизвикуваат
повратен удар или губење на контролата над
електричниот апарат.
 Алатот за вметнување водете го секогаш по истиот
правец во материјалот, при што работ на сечење
минува низ материјалот (истиот правец во кој се
исфрлаат струготините). Доколку го водите
електричниот апарат во погрешен правец, може да се
случи алатот за вметнување да излезе од делот што се
обработува, при што електричниот апарат ќе се
повлече во овој правец на поместување.
 Секогаш затегнувајте го делот што се обработува
доколку користите ротирачки турпии, алати за
глодање со голема брзина или алати за глодање од
цврст метал. При мали заоблувања на рабови, овие
алати за вметнување може да се заглават во жлебот и да
предизвикаат повратен удар. При заглавување на
ротирачките турпии, алатите за глодање со висока
брзина или алатите за глодање од цврст метал, алатот за
вметнување може да отскокне од жлебот и да доведе до
губење на контролата над електричниот уред.
Специјални безбедносни напомени за брусење
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен апарат и само за препорачаните
можности за примена. Пример: Не брусете со
страничната површина на брусната плоча за
сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
 За конусните и плоснати брусни клинови со навој
користете само неоштетени чивии со правилна
големина и должина, без рез на задната страна.
Употребата на соодветни чивии ја намалува можноста
за кршење.
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки (GGS 8 CE)
 Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
Bosch Power Tools
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
 Пред употребата, оставете ги четките најмалку една
минута во работна брзина. Внимавајте на тоа, во
овој период да нема други лица во иста линија со
четката. За време на овој период може да излетаат
олабавени жици.
 Ротирачката жичана четка насочувајте ја надвор од
себе. При работа со овие четки може да одлетаат мали
честички и минијатурни парчиња жица и да навлезат во
кожата.
 Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
тела, како и за работење со апарати со брусна лента.
GGS 8 CE: Електричниот апарат има дополнителна намена
за четкање и полирање на метали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Затезна чаура
2 Стезна навртка
3 Вретено за брусење
4 Грло на вретеното
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Копче за контрола на бројот на вртежи
(GGS 8 CE/GGS 28 CE/GGS 28 LCE)
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Вилушкаст клуч на вретеното за брусење*
9 Вилушкаст клуч на стезната навртка*
10 Точни димензии на вратилото L
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Македонски | 149
0
3 609 929 C85 | (18.6.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières