Bosch AdvancedImpact 18 QuickSnap Notice Originale page 155

Masquer les pouces Voir aussi pour AdvancedImpact 18 QuickSnap:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-3177-001.book Page 155 Monday, June 12, 2017 10:35 AM
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 6 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 5.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
Bosch Power Tools
За да ја извадите батеријата 6 притиснете на копчињата за
отворање 5 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
При половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување, приказот за наполнетост на
батеријата за неколку секунди ја прикажува наполнетоста
на батеријата и се состои од 3 зелени LED светилки.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено
3-те LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата е
надвор од обемот на работна температура од –30 до
+65°C или реагира заштитата од преоптоварување.
Замена на алатот
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот 1.
Монтирање на додатокот (види слика B)
Извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го додатокот во прифатот 1. Се слуша кога
додатокот се вклопува.
Вметнете го алатот за вметнување во додатокот
(види ги сликите C и D):
Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот 1.
Алатот за вметнување се задржува во прифатот со помош
на магнет.
Додаток за стезна глава (види слика E)
Отворете го додатокот за стезна глава 11 со завртување во
правец , додека не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот за стезна глава 11 свртете ја цврсто
со рака во правец . Со тоа, главата автоматски се
заклучува.
Македонски | 155
Капацитет
≥ 66 %
33 – 66 %
11 – 33 %
≤ 10 %
1 609 92A 3T5 | (12.6.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières