Bosch GRO 12V-35 Professional Notice Originale page 185

Masquer les pouces Voir aussi pour GRO 12V-35 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку држачот
на алатот за вметнување не е доволно длабоко вметнат
во прифатот за алат, алатот што се вметнува може да
се слизне и да не може повеќе да се контролира.
Користете само исправни, неизабени алати за
u
вметнување. Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
За електричниот апарат користете само
u
брендирана опрема за брусење, брусење со брусна
хартија, четки, полирање, глодање и сечење со
брусни плочи, кои се одобрени за број на вртежи од
-1
35000 min
и чиј надворешен дијаметар на
вратилото за прифат изнесува 3,2 mm.
Ставање на алатот за вметнување (види слика B)
– Притиснете ја блокадата на вретеното (5) и свртете ја
рачно затегнувачка навртка (12) додека не се
блокира.
– Држете ја притисната блокадата за вретеното и
олабавете ја затегнувачка навртка (12) со вилушкаст
клуч (17) со вртење во насока спротивна на стрелките
на часовникот.
– Исчистете го од прашина и вметнете го алатот за
вметнување (на пр. клинот за придржување (2),
брусните тела (3) или сврдлото) (13) во прифатот за
алат (19) на затегнувачка чаура.
Напомена: Внимавајте вратилото за прифат (18) на
алатот што се вметнува да го вметнете до крај, а најмалку
10 mm длабоко во затегнувачката чаура.
– Држете ја блокадата за вретеното (5) притисната и
прицврстете го алатот што се вметнува со вртење на
затегнувачката навртка (12) со вилушкаст клуч (17) во
правец на стрелките на часовникот.
Вадење на алатот за вметнување
– Олабавете ја затегнувачката навртка (12) како што е
претходно опишано и извадете го алатот за
вметнување.
Монтирање на главата за дупчење (види слика C)
Во обемот на испорака се содржани брусни плочи за
сечење зајакнати со стаклени влакна. Тие може да се
користат за правење жлебови, глодање и сечење на
метал, дрво и пластика.
– Вметнете го клинот за задржување (2) во алатот за
прифат (види „Ставање на алатот за вметнување (види
слика B)", Страница 185)).
– Држете ја блокадата на вретеното притисната (5) и
одвртете го целосно шрафот на клинот за задржување
(2) со одвртувачот (17).
– Поставете ја брусната плоча за сечење (1) на клинот за
задржување (2) и повторно завртете ја завртката.
Bosch Power Tools
Замена на затегнувачката чаура (види
слика D)
– Притиснете ја блокадата на вретеното (5) и свртете ја
рачно затегнувачката навртка (12) додека не се
блокира.
– Држете ја притисната блокадата за вретеното и
олабавете ја затегнувачката навртка (12) со вилушкаст
клуч (17) со вртење во насока спротивна на стрелките
на часовникот.
– Извадете ја затегнувачката навртка (12) заедно со
затегнувачката чаура (19).
– Вметнете ја соодветната затегнувачката чаура во
погонското вратило (20).
– Завртете ја затегнувачката навртка (12) на погонското
вратило (20) и лесно затегнете ја со вилушкаст клуч
(17) во правец на стрелките на часовникот.
Замена на капакот за заштита од прав (види
слика E)
Во обемот на испорака се содржани два капаци за
заштита од прав.
Капакот за заштита од прав (11) употребете го доколку ви
е потребно добро држење при вршење на прецизни
работи.
Капакот за заштита од прав (21) употребете го доколку
мора да работите во близина на површината на делот што
се обработува.
Капакот за заштита од прав го спречува навлегувањето на
правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав не е оштетен.
– Отшрафете го употребениот капак за заштита од прав.
– Поставете нов капак за заштита од прав и зацврстете
го.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Македонски | 185
1 609 92A 54U | (26.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières