Bosch D-tect 150 SV Professional Notice Originale page 185

Masquer les pouces Voir aussi pour D-tect 150 SV Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
линии една по друга (види слика I) (види „Примери за
мерни резултати", Страница 187). Обележете ги и
поврзете ги соодветните мерни точки.
Со притискање на копчето за старт (11) можете во секое
време да ги избришете пронајдените објекти и да
стартувате ново мерење.
Промена на режим на работа
Со копчињата за избор (10) и (12) можете да менувате
на различни режими на работа (модули).
– Притиснете го кратко копчето за избор (10), за да го
изберете следниот режим на работа.
– Притиснете го кратко копчето за избор (12), за да го
изберете претходниот режим на работа.
Со изборот на режимите на работа можете да го
прилагодите мерниот уред за разни материјали на
ѕидови. Односната поставка може да се види во секое
време во подрачјето на приказот (h) на екранот.
<Concrete Universal> (Универзален бетон) (претходно
поставен)
Режимот на работа <Concrete Universal> (Универзален
бетон) е наменет за повеќето употреби за ѕидни
конструкции или бетон. Се прикажуваат пластични или
метални објекти, како и електрични кабли. Можно е да не
се прикажат шуплини во цигли или празни пластични
цевки со дијаметар помал од 2 cm. Максималната
длабочина на мерење изнесува 8 cm.
<Concrete Wet> (Влажен бетон)
Режимот на работа <Concrete Wet> (Влажен бетон) е
специјално наменет за користење во влажен бетон. Се
прикажуваат арматури, пластични или метални цевки,
како и електрични спроводници. Не може да се
разликува помеѓу спроводници што се под напон и
спроводници без напон. Максималната длабочина на
мерење изнесува 6 cm.
Внимавајте на тоа, дека на бетонот му се потребни повеќе
месеци за целосно да се исуши.
<Concrete Special> (Специјален бетон)
Режимот на работа <Concrete Special> (Специјален
бетон) е специјално наменет за пребарување на објекти
во длабочини во армиран бетон. Се прикажуваат
арматури, пластични или метални цевки, како и
електрични спроводници. Максималната длабочина на
мерење изнесува 15 cm.
Ако се прикажуваат повеќе објекти, може да значи дека
одите директно долж арматурата. Во овој случај
преместете го мерниот уред за неколку сантиметри и
пробајте одново.
<Panel heating> (Загревање на површина)
Режимот на работа <Panel heating> (Загревање на
површина) е специјално наменет за препознавање на
метални, повеќеслојни и пластични цевки полнети со
вода, како и електрични спроводници. Празни пластични
цевки не се прикажуваат. Максималната длабочина на
мерење изнесува 8 cm.
Bosch Power Tools
<Drywall> (Сува градба)
Режимот на работа <Drywall> (Сува градба) е наменет
за пронаоѓање на дрвени греди, метални шипки и
електрични спроводници за сува градба (дрво, гипс
итн.). Полнети пластични цевки и дрвени греди се
прикажуваат идентично. Празни пластични цевки не се
прикажуваат. Максималната длабочина на мерење
изнесува 8 cm.
<Metal> (Метал)
Режимот на работа <Metal> (Метал) е наменет за
лоцирање на метални објекти и кабли под напон, доколку
другите режими на работа во различни услови на ѕидови
не даваат задоволителни резултати. Во овие случаи
резултатите за препознавање во овој режим на работа се
повисоки, но помалку прецизни.
Достапноста може многу да се намали при голема
релативна влажност на воздухот (>50 %).
<Signal View> (Преглед на сигнали)
Режимот на работа <Signal View> (Преглед на сигнали)
е наменет за користење за сите материјали. Јачината на
сигналот се прикажува на соодветната мерна позиција.
Во овој режим на работа блиску поставените објекти
можат прецизно да се лоцираат и врз основа на сигналот
можат подобро да се проценат сложените структури на
материјалот.
N
4.0 cm
?
S
cm
0cm
10cm
Signal View
Prev.
Врвот на кривата се прикажува во мал размер над
приказот на режимот на работа (h) во U-форма. Се
прикажуваат длабочината на објектот и доколку е можно
и својствата на материјалот. Максималната длабочина на
мерење изнесува 15 cm.
Длабочината на објектот не може да се заклучи
u
според јачината на сигналот.
Промена на видовите на приказ
Напомена: Можна е промена на видовите на приказ во
сите режими на работа.
Држете ги долго притиснати копчињата за избор (10)
или (12), за префрлување од стандардниот екран на
прикажување во режимот со метарско мерење.
Македонски | 185
20cm
30
Next
1 609 92A 4G1 | (28.08.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières