Bosch D-tect 150 SV Professional Notice Originale page 183

Masquer les pouces Voir aussi pour D-tect 150 SV Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Функционалност (види слика B)
Со мерниот уред се
проверува подлогата на
подрачјето на сензорот (9)
A
во мерна насока A до
прикажаната мерна
длабочина. Мерењето е
можно само за време на
движењето на мерниот уред
9
во правец B и при
минимална мерна линија од
10 cm. Постојано движете
B
го мерниот уред
праволиниски со лесен
B
притисок кон ѕидот, така
што тркалата ќе имаат
безбеден контакт со ѕидот. Се препознаваат објекти,
коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот. На
екранот се прикажува длабочината на објектот,
доколку е можно, материјалот на објектот.
Ако мерната линија изнесува минимум 40 cm и мерниот
уред лесно се движи по целото место што треба да се
истражи, тогаш се цели кон оптимални резултати.
Сигурно се наоѓаат функционалните горни рабови на
објекти, коишто поминуваат попречно на правецот на
движење на мерниот уред.
Затоа секогаш поминувајте вкрстено над полето што
треба да се истражи.
Ако над еден ѕид се наоѓаат повеќе објекти, на екранот ќе
се прикаже објектот, чија површина е најблиску.
Претставувањето на карактеристиките на пронајдените
објекти на екранот (16) може да се разликува од
фактичките карактеристики на објектите. Особено многу
тенките објекти се претставуваат на екранот како
подебели. Поголемите, цилиндрични објекти (на пр.
пластични или водоводни цевки) може на екранот да
изгледаат потесни, отколку што навистина се.
Забележливи објекти
– Пластични цевки (на пр. водоводни пластични цевки,
како подно и ѕидно греење итн., со дијаметар од
најмалку 10 mm, празни цевки дијаметар од најмалку
20 mm)
– Електрични спроводници (независно од тоа, дали се
под напон или не)
– Трофазни струјни кабли (на пр. до рерната)
– Струјни кабли со мал напон (на пр. ѕвоно, телефон)
– Метални цевки, прачки, носачи од секаков вид (на пр.
челик, бакар, алуминиум)
– Арматура
– Дрвени греди
– Шуплини
Можно е мерење
– Во бетон/армиран бетон
– Во ѕидни конструкции (цигли, порбетон, гас-бетон,
пемза, варовник)
– Во лесни ѕидови
Bosch Power Tools
– Под површини како гипс, плочки, тапети, паркет, тепих
– Зад дрво, гипс картон
Посебни мерни случаи
Неповолните услови може суштински да влијаат врз
мерниот резултат:
– Повеќеслојни ѕидни конструкции
– Празни пластични цевки и дрвени греди во шуплини и
лесни ѕидови
– Објекти, коишто се косо поставени во ѕидот
– Влажен материјал на ѕидот
– Метални површини
– Шуплини во ѕид; тие може да се прикажат како објект
– Близу до уреди, коишто произведуваат силни
магнетни или електромагнетни полиња, на пр. базни
станици на мобилни оператори или генератори
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете
u
полето на сензорот (9) да не е влажно. Доколку е
влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи
u
температурни разлики, оставете го да се прилагоди
на температурата пред да го вклучите.
Вклучување
– За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (15) или на копчето за
старт (11).
– LED-светилката (17) свети зелено и се појавува
стартниот екран за 4 s на екранот (16).
– Ако со мерниот уред не вршите мерење и не
притискате некое копче, тој автоматски се исклучува
после 5 минути. Во менито Поставки можете да го
промените ова <Cut-off time> (Време на
исклучување) (види „<Cut-off time> (Време на
исклучување)", Страница 186).
Исклучување
– За исклучување на мерниот уред притиснете на
копчето за вклучување-исклучување (15).
– При исклучување на мерниот уред остануваат
содржани сите избрани поставки во менијата.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето Звучен сигнал (13) можете да го вклучите или
исклучите звучниот сигнал. Во менито Поставки можете
во подменито <Tone signal> (Звучни сигнали) да го
изберете видот на сигнали (види „<Tone signal> (Звучни
сигнали)", Страница 186).
Процес на мерење
Вклучете го мерниот уред. На екранот (16) се појавува
Стандарден екран за прикажување.
Македонски | 183
1 609 92A 4G1 | (28.08.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières