AL-KO Moweo 42.0 Li Mode D'emploi page 454

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 56
MK
НАПОМЕНА Акумулаторската батерија
при полнењето е заштитена врз основа на
автоматското препознавање на наполнетоста
од преполнување и така може да остане
поврзана некое време со полначот, но сепак
не постојано.
НАПОМЕНА Обрнете внимание на
посебните упатства за употреба за
акумулаторската батерија и за уредот за
полнење.
Складирајте ја акумулаторската батерија
на суво место без мраз на температура на
складирање помеѓу 0 °C и 25 °C и со
наполнетост од околу 40 - 60 %.
Акумулаторската батерија не ја
складирајте во близина на метални
предмети или кисели материјали поради
опасност од краток спој.
12 ОТСТРАНУВАЊЕ
Информации за Законот за електрични и
електронски уреди
Старите електрични и електронски
уреди не припаѓаат во куќниот отпад
туку треба да се достават до
посебно собирно место односно
место за отстранување!
Старите батерии или акумулатори коишто
не се цврсто вградени во стариот уред
мора да се извадат пред предавањето!
Нивното отстранување се регулира преку
Законот за батерии.
Сопствениците односно корисниците на
електрични и електронски уреди се
законски обврзани за нивно враќање по
нивната употреба.
Крајниот корисник е лично одговорен за
бришењето на неговите лични податоци
на стариот уред за отстранување!
Симболот на прецртана канта за отпадоци
значи дека електричните и електронските
уреди не смеат да се фрлаат заедно со
другиот куќен отпад.
Електричните и електронските уреди може да
ги предадете бесплатно на следниве места:
Јавни законски места за отстранување
односно собирни места (на пр. комунални
собирни места)
Продажни места на електрични уреди
(стационарни или онлајн), доколку
454
трговците се обврзани за враќање или
доброволно го нудат истото.
Овие изјави важат само за уреди кои се
монтираат и продаваат во државите на
Европската Унија и тие што подлежат на
Европската Директива 2012/19/ЕУ. Во
државите надвор од Европската Унија може
да важат поинакви одредби за отстранување
на стари електрични и електронски уреди.
Информации за Законот за батерии
Старите батерии и акумулаторите не
припаѓаат во куќниот отпад туку
треба да се достават до посебно
собирно место односно место за
отстранување!
За безбедно вадење на батериите или
акумулаторите од електричниот уред и за
информации за нивниот тип односно
хемискиот систем почитувајте ги
останатите податоци во рамки на
упатството за работа или упатството за
монтирање.
Сопствениците односно корисниците на
батерии и акумулатори се законски
обврзани за нивно враќање по нивната
употреба. Враќањето се ограничува на
предавањето на количини од едно општо
домаќинство.
Старите батерии може да содржат штетни
материи или тешки метали кои се штетни за
животната средина и здравјето.
Понатамошната обработка на старите
батерии и користењето на ресурсите
содржани во нив допринесува до заштита на
овие две важни добра.
Симболот на прецртана канта за отпадоци
значи дека батериите и акумулаторите не
смеат да се фрлаат заедно со другиот куќен
отпад.
Ако покрај тоа под кантата за отпадоци стојат
знаците Hg, Cd или Pb, тоа стои за следново:
Hg: Батеријата содржи повеќе од 0,0005 %
жива
Cd: Батеријата содржи повеќе од 0,002 %
кадмиум
Pb: Батеријата содржи повеќе од 0,004 %
олово
Отстранување

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Moweo 46.0 li sp

Table des Matières