AL-KO Moweo 42.0 Li Mode D'emploi page 453

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 56
Транспорт
10 ТРАНСПОРТ
НАПОМЕНА Номиналната енергија на
акумулаторската батерија изнесува повеќе од
100 Wh! Поради тоа земете ги во предвид
следниве упатства за транспортирање!
Вклучената литиум-јонска батерија подлежи
на законските прописи за опасни материи но
сепак може да се транспортира под упростени
услови:
Акумулаторската батерија може да ја
транспортира приватниот сопственик на
улица без други додатоци доколку истата
е спакувана малопродажно и транспортот
служи за приватни цели.
Комерцијалните корисници кои го
извршуваат транспортот во врска со
нивната главна дејност (на пр. испораки
од и кон градилишта или презентации)
може да го земат исто така во предвид ова
упростување.
Во двата горе наведени случаи мора
задолжително да се преземат мерки за да се
спречи ослободување на содржината. Во
други случаи задолжително треба да се
запазат прописите за опасни материи! При
непочитување, на испраќачот и во даден
случај на транспортерот, им се закануваат
строги казни.
Други напомени за транспорт и испорака
Литиум-јонските акумулаторски батерии се
транспортираат односно испраќаат само
во неоштетена состојба!
За транспорт на акумулаторската батерија
користете ја исклучиво оригиналната
картонска кутија или соодветна кутија за
опасни материјали (не е потребно кај
акумулаторски батерии со помалку од 100
Wh номинална енергија).
Залепете ги отворените контакти на
акумулаторската батерија за да спречите
краток спој.
Обезбедете ја акумулаторската батерија
во пакувањето против лизгање за да
спречите оштетувања на батеријата.
Обезбедете ја точната ознака и
документација на пратката при транспорт
односно испорака (на пр. пакетна служба
или шпедиција).
Информирајте се претходно дали е можен
транспорт со избраниот давател на услуги
и пријавете ја пратката.
457563_b
Ви препорачуваме повикување на стручно
лице за опасни материи за подготовката на
пратката. Исто така запазете ги евентуалните
дополнителни национални прописи.
11 СКЛАДИРАЊЕ
По секоја употреба темелно исчистете го
уредот и – ако има – поставете ги сите
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво
место што може да се заклучува и надвор од
дофат на деца.
11.1 Складирање на косачката за трева со
акумулаторска батерија
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда. Ако
за време на складирањето уредот биде
достапен на деца или неовластени лица,
може да дојде до повреди.
Чувајте го уредот недостапен за деца и
неовластени лица.
Складирајте го уредот само ако се
извадени акумулаторските батерии.
1. Исклучување на уредот: Извлечете го
сигурносниот-насаден клуч.
2. Ставете ја висината на косење на
највисокиот степен.
3. Извадете ја акумулаторската батерија.
4. Оставете го моторот да се излади.
5. Темелно исчистете го уредот.
6. Сите метални делови намачкајте ги тенко
со масло или силикон за заштита од
корозија.
7. Склопете ја водечката осовина.
8. Чувајте го уредот на суво, чисто место кое
е заштитено од мраз. Покријте го со
церада што пропушта воздух за заштита
од прав. Не користете пластична фолија
за да избегнете акумулација на влага.
11.2 Складирање на акумулаторската
батерија и уредот за полнење
ОПАСНОСТ! Опасност од експлозии и
пожари! Може да загинат или тешко да се
повредат лица ако акумулаторската батерија
експлодира бидејќи била складирана пред
отворени пламени или извори на топлина.
Складирајте ја батеријата ладна и сува, но
сепак не пред отворени пламени или
извори на топлина.
453

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Moweo 46.0 li sp

Table des Matières