Совети При Работењето - Bosch GBH 18V-26 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 18V-26 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
OBJ_DOKU-52352-003.fm Page 196 Tuesday, March 27, 2018 11:11 AM
196 | Македонски
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 10.
При првото вклучување на електричниот апарат може да
дојде до одложување на стартот на апаратот.
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 10.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 10.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Electronic Precision Control (EPC) (види слика A)
EPC Ви помага при работење со удари во чувствителни
материјали со бавно замавнување и намален број на
работни вртежи.
– Притиснете го EPC-прекинувачот 19 во саканата
позиција.
Позиција за максимален број на работни
вртежи
Позиција за бавно замавнување и намален
број на работни вртежи
Спојка за заштита од преоптоварување
 Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
 Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (Kickback Control) нуди подобра
контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува
заштитата при користење, во споредба со електричните
алати без Kickback Control. При ненадејна и непредвидена
ротација на електричниот алат околу оската за дупчење,
тој се исклучува.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло 14 на електричниот апарат.
1 609 92A 3DF | (27.3.18)
Совети при работењето
Подесување на длабочина на дупчење (види слика O)
Со граничникот за длабочина 17 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 15 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 16.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 17
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,
да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина X.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во44 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 195).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика P)
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач
потребен ви е универзален држач 31 со SDS-plus вратило
за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот
на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на
универзалниот држач. Користете само битови што се
соодветни на главата за зашрафување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата
за заклучување 5 наназад и извадете го универзалниот
држач 31 од прифатот за алат.
Амортизација на вибрациите
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbh 18v-26 f professional

Table des Matières