Bosch GBH 18V-26 Professional Notice Originale page 194

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 18V-26 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
OBJ_DOKU-52352-003.fm Page 194 Tuesday, March 27, 2018 11:11 AM
194 | Македонски
Вметнување на запчестата глава за дупчење
(види слика E)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата
не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење 24.
Вадење/ставање на заменливата глава за
дупчење (GBH 18V-26 F)
SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 може лесно да
се замени со испорачаната брзозатезна заменлива глава
за дупчење 1.
Извадете ја резервната глава за дупчење
(види слика F)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење 6, држете го цврсто во
оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-
заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната
заменлива глава за дупчење 1.
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнете ја резервната глава за дупчење
(види слика G)
 Користете само оригинална опрема во зависност од
моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за
подесување 27. Дозволени се само заменливи
глави за дупчење со два или три отвори за
подесување. Доколку за овој електричен апарат не се
користи соодветната заменлива глава за дупчење,
алатот за вметнување може да испадне за време на
работата.
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2
одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1 со
целата дланка. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
26, додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав 4 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 4 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
1 609 92A 3DF | (27.3.18)
Замена на алатот (SDS-plus)
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика H)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– GBH 18V-26 F: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава
за дупчење 2.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика I)
– Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете
ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алатот (без SDS-plus) (GBH 18V-26)
Ставање на алатот за вметнување (види слика J)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење 24 (види
„Вметнување/вадење на запчестата глава",
страна 193).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 24
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 24
и затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика K)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 24 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Замена на алатот (без SDS-plus)
(GBH 18V-26 F)
Ставање на алатот за вметнување (види слика L)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
1.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbh 18v-26 f professional

Table des Matières