Совети При Работењето - Bosch GBH 18V-26 D Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Десен тек: Префрлете го прекинувачот за правец
на вртење (5) налево до крај.
Лев тек: Префрлете го прекинувачот за правец на
вртење (5) надесно до крај.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Прекинувачот за правец на вртење во средна
позиција: Ставете го прекинувачот за правец на вртење
(5) во средна позиција, за да го заштитите електричниот
алат од невнимателно вклучување.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
При првото вклучување на електричниот алат може да
дојде до одложување на стартот на алатот.
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра
контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува
заштитата при користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло (10) на електричниот алат.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
I)
Со граничникот за длабочина (15) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (13) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (14).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (15)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 44 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Vario-Lock" .
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика J)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (22) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го
универзалниот држач (22) од прифатот за алат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Македонски | 171
1 609 92A 4F0 | (05.11.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières